Па прашањето ти е малку нелогично, односно никој не е баба Ванѓа па да предвиди дали со замена на транзисторите ќе ти проработи појачалото. Доколку сакаш совет односно патека по која би требало да го прегледаш и да го поправиш, би требало да имаш и минимално познавање од електроника. Ти рече дека не знаеш ниту како да ја провериш исправноста на транзисторите...немој оваа критика да ја сватиш како злонамерна, туку како добронамерна...
Најпрво треба да одредиш кој транзистор ти е неисправен и да ја најдеш причината за тоа...Доколку не ја одстраниш причината, повторно кога ке ставиш други транзистори ке се случи истото, односно ке ти прегорат во момент...Треба да се проверат побудните транзистори, излезните транзистори, да се проверат жичаните отпорници дали се во ред, и одкако ке се заменат неисправните делови потребно е и да се заменат електролитските кондензатори...90% се суви бидејќи ова појачало е релативно старо. По комплетната замена на сите набројани делови, ке биде потребно подесување на мирна струја, бидејќи без да го направиш тоа, повторно цркнување на појачалото не ти бега после некое кратко време....
Поздрав и среќна работа.