Author Topic: Ми треба помош во врска со појачалото?!  (Read 2188 times)

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Ми треба помош во врска со појачалото?!
« Opened on 20.04.2011, Wednesday, 01:01:42 (Edited 20.04.2011, Wednesday, 01:10:53) »
Дали некој го има изработено појачалото???
И дали е исправно. И колку пари го фати(со и без напојување)
И колку пари е ик?
И дали ова шо е во пдф фајл(од ко ќе го одзиповате) е со та големина и спремно за печатење или треба да се намали или зголеми??
п.с. Ова шема ја имаше негде на овај форум ама неможев да ја најдам, па во договор со администрацијата ми дозволија да ја отворам темата за да ми помогнете.
И сепак нека ме извини тој што ја има поставено, а неможам да ја најдам. :)
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline Malecko

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3059
  • Gender: Male
Не беше вакво појачалото-сабвуферот на ShAdOw? ;D
If you're good at something, never do it for free... -Joker

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Не беше вакво појачалото-сабвуферот на ShAdOw? ;D

Епа то е и проблемот. Незнам на кој беше зато и се извинив. Никако не можам да го најдам ова. А сакам да ми кажите дали е исправно и одговор на останатите прашања шо ги поставив горе  :D
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
На пдф документот пишува дека плочката е 80х80мм .Смали го документот на 100% и ја имаш во оригинална димензија за печатење.

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Јас сум тој ZareBt :). Нема веза на секој може да му се случи да заборави ;). Еве ја темата во која си го нашол појачалото:

http://elektronika-mk.net/index.php?topic=2649.0

За овој засилувач немам лоши зборови и затоа слободно го изработи :), јас го имам изработувано и јас веќе незнам колку пати и секогаш проработувало од прва и сум презадоволен од тоа како работи и од звукот кој го дава ;).

П.С. Ако ова ти е прв засилувач ти препорачувам прво да изработиш некој поедноставен засилувач со интегралец и со тоа да стекнеш некое искуство со засилувачите, па потоа изработи го овој транзисторски засилувач. Но сепак тоа е твое право дали ќе го изработиш овој засилувач и понатаму оставам на тебе :). Со среќа во изработката ;).

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Ми треба помош во врска со појачалото?!
« Reply #5 on 20.04.2011, Wednesday, 17:40:27 (Edited 20.04.2011, Wednesday, 21:17:53) »
Абе,не го плаши толку! Напротив - јас советувам да направи транзисторки појачувач! Да внимава на распоред на елементи,на изолација на излазните транзистори и секако - да стави нови,неработени елементи.Потоа, да најде добар трансформатор и добри електролити.Исправувачот е основата - од него се започнува ,па се до излазот.Ако имаш проблем,прво прашај,па потоа вклучувај напон и звучници!!И последен совет - не брзај!! Полека работи,систематски!! Прво пасивните елементи ,па транзисторите.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Аман со тие интегралци , по мене подобро е да се научите на транзисторски засилувачи.
Не му се плаши да го направиш , не е којзнае колку сложен.
Купи си ги елементите (нови) .
Направи си ја плочката.
Одбележи си ги сите елементи на плочката со фломастерче(така и подобро ќе ги научиш).
Како што ти вика Батка прво леми ги пасивните елементи ,па активните(транзистори и диоди).
Двапати проверувај пред да залемиш особено транзисторите(провери им го со мерење распоредот на нозете некогаш се разликуваат од даташитот).
Најди некој друг поискусен уште еднаш да ја провери плочката пред да го пуштиш во струја .
Пред да  го пушташ во струја залеми два отпорника на доводот на плусот и на минусот со вредност од10 до 20 оми и од 15 до 20 вати . Тие ќе го заштитат од прегорување ако си згрешил.
Влезот краткоспоиго ,а на излезот стави унимер да мери во волти. при вклучување внимавај на вредноста на напонот на унимерот во првиот момент треба да ти покаже околу 50 миливолти ако е во волти веднаш исклучувај и провери каде имаш грешка.

Offline ZareBt

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 441
  • Gender: Male
Вака... имам изработено повеќе исправувачи.
И имам напраено и 2 појачала со интегралци.
трафо денес извадив од тв 300 вати.
Воопшто не ми изгледа тешко.
Само дали ќе можи да го укл на 8 омски звучници??
Најдобра струка--> ЕЛЕКТРО!

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Не ма да биде проблем да го вклучиш на 8 омски звучници . За 4 0мски ќе ти треба појако напојување.

Offline danix01

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 512
  • Gender: Male
 и јас сакам да го правам засилувачот но трафото што сакам да го користам е за 10 волти  со поголем напон.На шемата пишува +/-45v   а моето трафо дава +/-50v.Дали ке ги издржи тие +/-5 волти вишок
rules are made to be broken

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Може и на 50 волти!Пази на напонот на електролитите.

Offline Delija

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 265
  • Gender: Male
  • Господ ја сака Македонија, а и ЈАС!!!
Одг: Ми треба помош во врска со појачалото?!
« Reply #11 on 22.04.2011, Friday, 21:18:09 (Edited 23.04.2011, Saturday, 05:27:17) »
Здраво! :-[
Зошто се фаќате за вакви излитени засилувачи кога за истите пари имат многу поубај!?
Овај засилувач работит во Б-класа звукот не му ет убав а е и нестабилен, што значит брго прегорујт!??  >:( >:( ;D ;D

На шемата долу заедно со напојувањето е даден комплетен, квалитетен и ефтин засилувач со LM3886,...
Напрајси го oва појачалце па да ме те видит Господ,...не играјси со петпарачки,... ;) ;D ;D ;D >:(

Споено мислење: [time]22 Април 2011, 20:29:39[/time]
и јас сакам да го правам засилувачот но трафото што сакам да го користам е за 10 волти  со поголем напон.На шемата пишува +/-45v   а моето трафо дава +/-50v.Дали ке ги издржи тие +/-5 волти вишок

Напрајго квалитетното напојување од проектот од Dark - 2x400W транзисторски аудио засилувач, па подесиго напонот на +/-45V!  ;)
Секогаш и секаде,...Најповеќе со електрониката!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ова е многу подобро појачалце од она со 3886.И на сите кои почнуваат им препорачувам трензисторки излез,да наулчат нешто.И на крај,ова е поевтина варијанта од она со ИК.

Offline Delija

  • Баниран
  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 265
  • Gender: Male
  • Господ ја сака Македонија, а и ЈАС!!!
Одг: Ми треба помош во врска со појачалото?!
« Reply #13 on 22.04.2011, Friday, 23:14:31 (Edited 22.04.2011, Friday, 23:20:15) »
Ова е многу подобро појачалце од она со 3886.И на сите кои почнуваат им препорачувам трензисторки излез,да наулчат нешто.И на крај,ова е поевтина варијанта од она со ИК.

Batka, то ет твое мислење и тука неможа ништо да стора,...!? ;) >:( :o
Се сложуа дека ет поевтина варијанта и то за 20денари. И овдека вака важит Марфиевиот закон "Колку пари толку музика!!",.....
Секогаш и секаде,...Најповеќе со електрониката!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Добро е да не го спомна Емитер туку Марфи. Има едно Марфиево правило - секој напон удира онаму каде има најмал отпор!