Го правам следниов засилувач за на 12 волти со TDA1562Q но нешто не оди како што треба:
http://www.reber.si/TDA/TDA1562Q/e002044.pdf
Го правам за стерео верзија т.е. 2 плочки но не е како што треба. Како влезен сигнал кој треба да го засилува му ставив мобилен и на излез на звучник (пробав и со голем звичник од систем и со мало од комјутер, незнам ватажа) се слуша премногу тивко. Не можиш да слушниш ако не се доближиш до звучникот (многу потивко од телефонот). Место да го зголемува ова го намалува сигналот. Имам неколку прашања во врска со ова:
1. Бидејќи го поврзувам на акумулатор од моторче а доста e истрошено (не може ни да завергла моторчето) дали може да нема довоно апеража за да работи засилувачот. Напонот на акумулаторчето му е 11.9 V. Пробав и со обичен адаптер за 12 V од на пазар и со него ништо. Дали и од двете неможе да црпи довоно струја па не работи?
2. Како влезен сигнал прво пробав со добар систем за домашна употреба па кога го поврзав само грчеше звучникот. Затоа потоа пробав со телефон и велам на звучникот се слушаше премногу тивко, го намалува сигналот. Дали има врска нешто ова? Дали од ситемот има прејак сигнал а од телефонот преслаб?
3. Звучниците. И двата звучници со кои пробав се по 8 ома, и од системот и од компјутерот. Дали е битна ватажата за да работи појачалото? Дали тоа прави некаков проблем?
4. Видете ја шемата ќе видите има Лед диода како индикатор за грешки. По тоа што е напишано таа би требало да свети кога има некоја грешка. Кај мене не свети
а пак не работи.
5. Плочката ја проверив неколку пати не најдов грешка. Интегралното мислам дека работи пошто на излез иако ослабен има некаков сигнал. Исто така си грее нормално. Му имам ставено и ладници и со темпрературата мислам дека нема проблем. А ако би било до интегралното, како може да се испита дали е исправно?
Дали некој има направено ваквов засилувач? Дали имал сличен проблем? Што може да значи ова што го намалува сиглот? Инаку елменетите се порачани од алфа електроник. Иако порачав Philips не ми пратија такво (незнам што марка е ова) а го платив 220 ден. Другар мој пред некое време земал исто вакво Philips од Алфа за околу 150 денари. Ви благодарам однапред за секава помош!