Значи како што кажува насловот потребен ми е греач за пеглата.Дали некој знае каде може да се најде?
Побарај по пазариве, има некои сервисчиња кои реставрираат стари пегли со делови од други стари пегли, јас така си ја направив мојата стара Rowenta
. Конкретно, на зелен пазар има еден сервис за греачи и бела техника (не е баш сервис, и делови продаваат, од надвор изгледа на продавница), се вика Данекс. Веднаш до неа се наоѓа една аптека (Еурофарм, мислам дека така се викаше) и ќе прашаш дали имаат резервен греач за пеглата. Можеби ќе ти речат да ја оставиш, ќе ти речат да оставиш и број, ако немаат моментално, па кога ќе најдат и монтираат во неа нов (од некоја друга стара пегла), ќе ти се јават да си ја подгнеш пеглата (мене барем така ми рекоа, не помина ни недела дена, ми се јавија
).
ПС: Подобро поправи си ја старата пегла, за 600 или 700 денари, нитуедна нова пегла не може да се мери со квалитетот на стариве
.