Прво, шемава работи така што транзисторот се однесува како зенер диода кога е поврзан обратно, на одреден напон проведува, е сега, пред транзисторот јас ставив кондензатор, па кога тој се полни и стигнува до тој одреден напон на транзисторот, транзисторот проведува и го празни кондензаторот, па циклусот се повторува. И за крај, една лед диода сериски со транзисторот за да се гледа сето тоа.
Јас мислам дека во овој случај пиезото се однесува како кондензатор со мал капацитет, што овозможува многу брзо полнење и празнење, но затоа што пиезото е еден вид на звучник, таа осцилација ја слушаме и како звук.
Или нешто погрешно врзуваш или не употребуваш соодветен транзистор.
Беше точно поврзано и користев BC238 како во шемата, тој ми се најде при рака...
И трета работа - ова не е конструкција да ја оставиш со саати да работи!
Па батка, не ја оставив ни 10 минути да работи...
Како што кажав, со зенер диода се добиваат многу подобри резултати...