Денес ја завршив мојата верзија од ова напојување, ставив трафо 220/16V од стар UPS, со него регулацијата е од 0-20V и 0,1-12А. Транзисторите се 3х2N3772 на соодветен ладилник, кој може да се види овде (го спремав за едно друго напојување ама во последен момент се премислив
)
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=5552.0Отпорникот 0,2 оми е сменет со 0,05оми (паралелно два од по 0,1ом/10W), електролитите се 2х10000uF/30V, грецот е 35А. Максималната струја (при краток спој на излезот) ја ограничив на 12А, иако со тримерот од 10к може да се подеси на многу повеќе (кај мене излегуваше од мерното подрачје на инструментот од 20А), вака низ секој транзистор во најлош случај течат по 4А, што со добро ладење гарантира сигурност при користењето.
Една напомена - тие што ќе ја користат плочката дадена на сајтот на др.Боро да внимаваат, бидејќи фали еден вод, од колекторот на BC639 до колекторите на другите транзистори (иначе јас не ја правев на ППК туку на универзална плочка
). *ЕДИТ - ова е поправено, плочката на сајтот е исправна*
Еве неколку слики од напојувањето:
Поглед во внатрешноста
Електролитите
Плочките од напојувањето, волтметарот и амперметарот
Комплетно склопен, од напред
од позади
и од страна
Струјната регулција 0,1-12А
Одлична стабилност на излезниот напон, при 12V и 4A напонот паѓа само 0,1V