Author Topic: Стабилизиран исправувач со напонска и струјна регулација 0-30В 0-5А  (Read 85740 times)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Колку му е максималниот напон на исправувачот и на колку волти ги влечеш тие 800mA?
Ладилникот и не изгледа нешто посебно голем, ако има голем пад на напон на излезните транзистори при 800mA излезна струја, што и не е така малку, нормално е после извесно време да се загрее добро.
Јас би рекол дека се е во ред со исправувачот и ти треба само поголем ладилник или форсирано ладење.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Доколку разликата меѓу влезниот и излезниот напон е голема тогаш доаѓа до дисипација на топлина на излезните транзистори. На пример при разлика на напонот влез-излез од 20V и излезна струја од 1А на излезните транзистори се дисипираат 20W (за споредба леткум за пофини работи). Затоа кај лабараториските напојувања со поголем излезен опсег, покрај активно ладење (читај - вентилатор) се употребува коло кое врши преспојување на намотките од трафото во зависност од излезниот напон. На тој начин дисипацијата на излезните транзистори се одржува во прифатливи граници. Колото за регулација и контрола на напојувањето се напојува со максималниот влезен напон, но со помош на релиња излезните транзистори се приклучени на пример 12V за излезен напон од 0-10V, 22V за излезен напон од 10-20V и максимален напон за излез од 20-30V.

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
ставив да се пунат 4 батерии паралелно врзани 18650 напонот 4.2V а струјата 800mA, трафото ми е 30V AC а исправен 43V во празен од максимален на излез после регулација 40V  :-\

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace

Offline tanatos

  • Нов член
  • *
  • Posts: 34
  • Gender: Male
  • Menace
Наједноставно решение е доколку трафото има среден извод да вградиш преклопник со кој ќе можеш да избираш меѓу 21.5V и 43V на влез. Доколку напојувањето е реализирано според шемата погоре би требало нормално да функционира со минимален влезен напон од 18V. За излезни напони до 18V на влез ќе избереш 21.5V, над 18V ќе избереш 43V.

(21.5-4.2)*0.8=13.84W

Приближно 55% помала дисипација.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Наједноставно решени е pwm. потоа MJ15003 со 2N3773 се класи погоре. Имаш голема ралика влез и излез, и транзисторите треба да ја потиснат таа разлика. Малце се ирационално овај уред да го користиш како полнач за литиумски батерии. Општо овие регулатори се малце ирационални во 21 век. Користиш напојување од 43 волти за  1/10... Нормално е да користиш плус 1/3 ама ако веќе користиш 43V за полнење литиумски батерии, подобро врзи ги сериски. Ова што ти се дешава тебе е нормално, па макар и да ги мениш излезите пак ќе греат, само се подобри, поефикасни поиздржливи, ама апак ќе го малтретираш. Ако ти е стриктно за полнеше батерии, имаш кај кинезиве готови модули и тоа 5 за 300 денари, еден адаптер/полнач за телефон и решен проблем. Исто имаш и PMW напајање кај кинезиве, па и напајања 20-тина волти ( за лаптоп) со променлив напон и струјно ограничени за 1000-че и овде во мк, зависи што ти треба. Чак и адаптер од пазар со регулација ќе ти брка работа за полнње литиумски батерии. Што е најбитно кај литиумските батерии. Струјата да не прекорачи 1/10 од капацитетот, а некои се полнат и со 2С, ( но се ретки) али уште по битно ти е напонот да не замине 4.2V, значи едно адаптерче од пазар, ги пушташ на 4.5в, ставаш отпорниче сериску колку да си на граница ( има изведби од 300 mA до 1А, па ќе пресметаш), зенерка со поголема прецизност од 4.2V или ќе ја корегираш со отпорник и вози мишко. Да, има загуби, ама ефтино е и нема никакви замарања, ништо не грее, главата не боли. За сигурност напонот добро е да го дотераш на 4,18V па и да за боравиш ништо лошо нема да се деси.
п.с. mj15003 Мислам дека се дарлингтон, а склопот за дарлингтон и „обилчни“ е сосем поинаков.
* Мерни единици на странски да ги бележиме? А златен јазик имаме... :)

Offline goran_elektro

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 205
Мислам дека најдобро решение е тоа што го предложи Tanatos да го премотам трафото со среден вод и преклопник и кје имам до 20V и до 40V

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Едитирав, па ќе грее, не е само до трафото. Ако го премотуваш веќе премотај го, што знам на 5-10в... покомотно ќе ти е...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Не знам дали ќе работи на толку низок напон стабилизаторот... не сум ја разгледал темава одамна, можеби некој кој го има правено стабилизаторов и го има прочитано текстот на страната на Dr. Bora да пише ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."