Зависи што си купил. Ако било нешто као „полу brand name“, можно е да оди преку други retailers или претставништва, од Холандија на пример, и да, тогаш најверојатно со авион ќе стигне пратката. Еве, на пример, има една фирма произведува компјутерски адаптери, конвертори, сплитери, камери за некои специфични IT употреби (надзор, Video оver IP, PoIP, daisy chain камери...), итн., се вика Kong... или Konig, не ми текнува сега, тие се релативно познати како "brand name low-end" фирма за такви работи, ама сепак со релативно солиден квалитет на изработка, и мислам дека званично се регистрирани во некоја западноевропска држава, што значи дека во неа би требало да имаат и претставништво... а нивни производи сепак може да се најдат на ebay (во Кина се произведуваат, од Кина се извезуваат, па за да си го прошират пазарот, најверојатно ги нудат и на retailers од Кина, а они ги препродаваат online). Е сега, најверојатно, иако ти нарачката си ја направил од Кинески retailer, можно е да нема на лагер или да види дека повеќе му се исплати само да ја земе разликата од ќарот на камерата, без притоа да плаќа shipping и се останато и го „предава“ случајот на некој друг... некој кој би имал поевтин shipping до Македонија, а сепак би се ослободил од лагер (би продал) и би направил ќар... и така си одат работите во круг
.
И мене ми се има случено да нарачам нешто и да ми стигне од друго место, ништо чудно не е тоа
.
Ееее, да знаеш што прават фирмиве во Македонија
. Живи комедии е IT маркетот, им стои online на сајтот дека го имаат производот, а уствари го немаат
. Базата вика дека има лагер, ама лагерот е во Битола, во некоја сосема друга фирма, со која направиле некоја размена, ама базата не го знае ова
. Па ајде прави фактура, префрлај лагер, прави испратница од магацин до продавница... абе дур ти стигне тоа што си го барал, недела дена може да помине.
Или па има и други смешни ситуации. Званично на лагер немаат нешто, ама кога ќе проверат во магацин, го имаат
. Е сега зошто стои дека го немаат
... бидејќи некоја друга фирма го безецирала, арно ама не го земала или треба да го земе за некој ден... па сега треба да одобрат од таа фирма дали може да се префрли пак на лагер, па пак прави испратници, к*рци палци
... а ако не може, мора да одиш во таа фирма и да го земеш по повисока цена производот
... бидејќи они нели го препродаваат и мора некој ќар да направат. А може и поевтино да го земеш, зависи
. Некогаш балансираат цени или една цена оди за големопродажба, ама за конкретно таа фирма која ти го безецирала производот што ти сакаш да го купиш, има некоја трета пониска цена (привилегирани поради X причини) и може од неа да го земеш по пониска цена од малопродажна во фирмата во која првично си го барал производот
.
Абе кад не би било тужно, било би смешно
.