После долго време, конечно направив кутија за овој исправувач.
Браво
. Одлично
. Па и со Photoshop средувани се сликите, вадени позадини, ова она
. Кутијата... како фабричка
. И внатрешната изработка е одлична, каблите се групирани по секции
. Чиста 10-ка
.
Да бидам искрен, јас волку добро не ги средувам моите проекти, моите кутии не се ни оддалеку толку добри, ама гледам да ги стигнам оние кои волку добри изработки имаат
. Не се за во ѓубре, ама, да бидам искрен, не се волку добри моите
. Искрено, навистина сакам да имам трпение како вас, вака да ги средувам
. Имам трпение додека го правам проектот, додека ги монтирам деловите, и не знам, некако потоа кога ќе дојдам до моментот „кутија“... некако ме фаќа некоја мрза кога ќе ми текне дека треба да ја правам од нула
. И на крајот излегуваат некои кутии кои, добро се склопени, но на изглед... светлосни години далеку од овие дизајни
.
До сега имам читано многу пофалби за стабилизираниов извор за напојување
. Како се покажа при оптеретување, краток спој...?