Епа денес се работеше... Но не испадна се како што планирав.
Ми излегоа дополнителни обврски па морав ставањето во кутија да го одложам.
Но затоа го споив уредот целосно ИИИ
РАБОТИ. Сите жици и поврзувања ги направив полека, ми одзема 3,5 саати но завршив работа.
На излез на ставив потрошувач за да проверам колку струја ќе повлече, тоа ќе го направам во вторник на пракса. Регулацијата на напонот работи одлично но сепак треба да направам одредени подесувања кои се наведени во текстот на страната каде што е шемата.
Напонот убаво си се движи од 0 до 30.25 (така ми покажа унимерот) Што значи дека е одлично. Здравје утре би требало да го сместам уредот во кутија.
Еве како изгледа сето тоа убаво поврзано.