A ако ставам посебно трафо за него,за тој LM301 интегралецот,тогаш ќе оди до +35V напојувањето?
Не, оти позитивниот напон на напојување за LM301 треба да биде барем малку поголем од излезниот напон на напојувањето, а LM301 во никој случај не може да го напојуваш со + 35 волти оти ќе изгори.
Ако има некој интегралец сличен на ЛМ301 кој може да се напојува со на пример +- 40 волти тогаш ОК, ама не знам ваков дали има
Јас LM301 го напојував од влезот (+ 35 V) преку 7815 регулатор со некои измени за регулаторот да дава околу 18 волти, и на излез напонот можеше да се подеси до 18 волти максимум, после ова струјната регулација не работи, и напојувањето не е регулирано - се слушаше брум.
А пин 4 (-6V) кај е поврзан?
Изгледа за тој интегралец ќе треба посебно трафо,некое 2х6V,па со грец и два регулатори 7806 и 7906 да се поврзе
Не треба посебно трафо, еве јас како направив:
Таа зенер диодата од 15 волти мора да се стави, оти без нејзе напонот на влезот од 7909 беше многу висок и го прегоруваше регулаторот 7909.
Негативниот напон (тој на пин 4) не мора да е - 6 волти точно, може и - 9, само да не е повисок ( уствари понизок
) од - 18 волти.