Крпењето на осигурувачи не го советувам, опасно е а и противзаконски, но ако немате друг избор барем направете го правилно!За што се работи. Се работи за правилно поправање (крпење) на топливи осигурувачи во случај во моментот да немате соодветна замена или пак замената не одговара (за малку плус) од тоа што во моментот се троши.
Осигурувачите за кои се работи изгледаат вака:
Тие се керамички и имаат две метални „капи“ на краевите.
Можат а и неморат да имаат кварцна песок во нив.
Доколку ви снема некаде струја. Одете до осигурувачите и престегнете ги сите со рака. Доколку сеуште нема струја: Тестирате со фазомер кој осигурувач е прекинат. Значи, проверете дали само тој осигурувач е прекинат или има и други. Ако има и други сигурно немате „фаза“ што значи прекинат е поголем осигурувач подолу каде што ви е електричното броило. И него може да го поправите на истиот принцип, само е физички поголем. Кој од трите големи осигурувачи е прекинат мерите со фазомер и го вадите.
Откако ќе го извадите осигурувачот ако имате инструмент мерите (инструментот наместен на отпор) мерите дали „дава контакт“, т.е. дали реагира инструментот. Ако не реагира (или немате инструмент да проверите) се сомневате дека е прекинат и преминувате кон отварање:
Ставате лист хартија или весник. Осигурувачот со ставате хоризонтално бидејќи ако има внатре кварцен песок да не може да го истурите. Со одвртка (штрафцигер) се обидувате да ги турнете капите надвор (слично како да отворате шише со метална тапа). Ако не успевате, држејќи го хоризонтално осигурувачот со моторцангла (клешта) го фаќате металниот дел и со движења лево десно се обидувате да го одделите од керамичкиот дел. Пазете да не стегате многу со клештата бидејќи може да ја скршете ќерамиката и да го расипете осигурувачот.
Откако ќе ги извадите капите тргнете ги остатоците од металните контакти кој беа „приклештени“ со капите а сега се прекинати на два дела во средината на осигурувачот.
Земете лицнаста жица 0.75mm. Во лицнастата жица која вам ќе ви треба има од 20 до 30 лицни (мали жички). Доколку има помалку или повеќе сте зеле или авто жица 0.75mm или аудио жица 0.75mm, не ви треба таква, треба обична (инсталациска) лицнаста жица од 0.75mm со 20 до 30 лицни во неа (ова го објаснувам за да имате извор на лицни со правилна дебелина).
Оголете ја жицата околу 10cm и сечете да имате повеќе лицни на располагање.
Запамтете: 1 лицна од тие кои ги имате во осигурувач издржува околу 4A струја (проверено експериментално). Меѓутоа кога лицните се заедно генерираат поголема топлина отколку да се поединечно, значи при повеќе лицни паѓа и амперажата што значи повеќе лицни отколку што кажува математиката. Значи, табелата е следна (приближно нормално):
Осигурувач 5A = 2 лицни;
Осигурувач 10А = 3 лицни;
Осигурувач 16А = 5 лицни;
Осигурувач 25А = 8 лицни;
Осигурувач 50А = 17 лицни.
Лицните ги виткате една со друга за да добиете една жица.
Жицата ја ставате во осигурувачот, ја виткате на краевите кон осигурувачот и ја приклештувате со „капите“. Со ножичка или цвикцангла (клешта сечица) ги сечете краевите на жицата која е вишок.
Важно: Пред да го вратите осигурувачот назад во разводната табла исклучете ги сите потрошувачи бидејќи е можно некој потрошувач да направил краток спој и затоа да изгорел осигурувачот и сигурно не сакате тоа да ви се случи додека го навртувате осигурувачот.
Го враќате осигурувачот и можете да продолжете да ги вклучувате потрошувачите. Ако настане повторно прегорување ќе знаете кој потрошувач ви прави проблем.
Совет мој е за брзо време да купите фабрички осигурувач но се надевам дека и оваа поправка (доколку ги следевте упатствата) ќе биде добра додета да купите фабрички осигурувач.
Напомена: Оваа табела не ја употребувајте за друг тип на осигурувачи бидејќи самата должина на лицната игра голема улога во амперажата која може да ја издржи, ќе следува друга посебна тема за другите типови на осигурувачи (на пример тие кои се користат во електрониката).