Author Topic: Автоматски светлосен прекинувач  (Read 39802 times)

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Автоматски светлосен прекинувач
« Opened on 10.10.2009, Saturday, 01:46:44 (Edited 17.10.2014, Friday, 10:14:14) »
Овој прекинувач може да вклучува (или исклучува) сијалица кога на пример ќе се стемни. Колото е едноставно, сите делови се достапни и може секој да го направи а веројатно ќе му најде убава примена.



Листата на деловите и вредностите е следна:

R = Фото отпорник
R1 = 4,7 K
R2 = 1,2 K
R3 = 2,2 K
R4 = 1,2 K
R5 = 1,2 K
R6 = 2,7 K
R7 = 100 K тример потенциометар
C1 = 10 μf/16V
TR1 = BC547
TR2 = BC547
TR3 = BC557
D1 = 1N4148 диода
RELAY = 12V релеј со струја на контактите од минимум 2 ампери.

Прашајте за точниот распоред (база, емитер, колектор) на транзисторот да ви запишат на ливче ако немате книга.

Со R7 тримерот се подесува осетливоста на светлост (со проба).

Во зависност од тоа кои контакти на релето ќе ги користите може да направите сијалицата (или некој уред) да зе вклучува или исклучува кога ќе има или нема светлост на фото отпорникот.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
супер работа,јас сега изработувам едно ама со TL071.

Offline Zdravkovski

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 506
  • Gender: Male
  • elektricar
    • најдобриот електричар во Велес
Одг: Автоматски светлосен прекинувач
« Reply #2 on 16.01.2010, Saturday, 15:57:20 (Edited 16.01.2010, Saturday, 15:58:53) »
Ако на некого му треба за поголема снага јас можам да му дадам шема за со контактор(склкпка) и временско реле за поголеми потрошувачи пр. севетло во зграда или некој вентилатор кој треба да работи некое време па да запре по определено.  ;)

Post Merge: 16.01.2010, Saturday, 15:58:53
Инаку овој електронскиов е супер за помали потрошувачи или пак да се комбинира со контактор и да се добие на моќност

Offline Aleks

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 269
  • Gender: Male
Супер шема и коло но...

Ова не спаѓа под „Автоматика“. Автоматика или автоматизирање на процес претставува автоматизирање на некој процес од индустриска страна, некој индустриски процезс или пак некоја машина.
I reject your reality and substitute my own.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
Одг: Автоматски светлосен прекинувач
« Reply #4 on 22.02.2010, Monday, 01:49:41 (Edited 22.02.2010, Monday, 02:22:05) »
Прочитај ја книгата „Електроника и Автоматика“ од Светислав Шилер ;) Идеата на авторот е од ваков едноставен „светлосен прекинувач“ човекот стига со користење на истата идеа до робот кој всушност му носи чаша вода на притисок на копче  ;)

Што сакам да кажам, значи немора во овој дел од форумот да има само целосни автоматизирани машини, може и поединечни елементи (на пример сензор за проаѓање на објект пред него) така да и овој склоп со малку фантазија може да се употреби во некоја машина или едноставно како обичен автоматски светлосен прекинувач, кој како сака.
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline Aleks

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 269
  • Gender: Male
Прочитај ја книгата „Електроника и Автоматика“ од Светислав Шилер ;) Идеата на авторот е од ваков едноставен „светлосен прекинувач“ човекот стига со користење на истата идеа до робот кој всушност му носи чаша вода на притисок на копче  ;)

Што сакам да кажам, значи немора во овој дел од форумот да има само целосни автоматизирани машини, може и поединечни елементи (на пример сензор за проаѓање на објект пред него) така да и овој склоп со малку фантазија може да се употреби во некоја машина или едноставно како обичен автоматски светлосен прекинувач, кој како сака.

Кул. Ова би можело да го искористам за активација на мојот супер-дупер злобен робот кој ќе се активира само навечер и додека народот спие тој ќе шета по пространството и ќе планира како да го уништи светот со помош на едно кесе со вода.
I reject your reality and substitute my own.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Борче,нешто фали во шемава.Си ја направил ли ти? Комшијава ја правеше,ама не ја направи.Колкава вредност стави за фото отпорникот?

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
јас ја имам правено и работи супер, околу фото отпорникот, имаше само една вредност мислам дека беше или 1к или 10к не сум сигурен треба да проверам
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Чудна работа ЛДР -от беше со отпорност од само 500 оми,па и мене ми даде малку проблеми.Прво грееше,а потоа со преправка само ке окинеше и не сакаше да исклучи.Ставив отпорник од 330 оми редно,тримерот го симнав на 50 к,заедничкиот емитерски отпорник од 1,2 го променив во 2к2,а оној во базата на Т2 го намалив на 1,8к и се си дојде на место.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Автоматски светлосен прекинувач
« Reply #9 on 07.08.2010, Saturday, 22:23:07 (Edited 07.08.2010, Saturday, 22:25:01) »
Еве ја оригиналната шема со вистинските вредности на елементите.Извини Борче,твојава никако не успеавме да ја проработиме ;) Морав да ги изменам твоите вредности,па ја најдов ова шема,со тоа што
со овие вредности работи 100% .

Offline denis

  • Нов член
  • *
  • Posts: 15
Колкав потрошувач може да се поврсе на оваа шема.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Колкав потрошувач може да се поврсе на оваа шема.

Па зависи колку ампери струја може да издржи релето, ако може доста голема јачина на струја да издржи (3, 4, 5 ампери), може и греалка ако сакаш да приклучиш ;) (под претпоставка дека релето се приклучува на мрежен напон).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Одг: Автоматски светлосен прекинувач
« Reply #12 on 07.07.2011, Thursday, 17:28:20 (Edited 17.10.2014, Friday, 10:14:56) »
Дали некој го има направено овој склоп со реле и дали работи ?


Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Автоматски светлосен прекинувач
« Reply #13 on 07.07.2011, Thursday, 21:46:54 (Edited 17.10.2014, Friday, 10:15:34) »
Треба да го преправаш и малку да експериментираш со елементите.Еве две шеми проверени во работа со ИК и транзистори.




Offline najdo

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 421
  • Gender: Male
Ова шо е втората шема со операцискиот на 12 V неможи да работи оти кај ке најдам реле на 9 V.