Прашањето не е баш наједкватно, но немав доволно место да го пишам целото прашање во насловот
.
Значи прашањето е всушност следново, имам firmware за DVD-ROM кој не може да чита DVD-R дискови, со DVD+R дискови нема проблем
. Но проблемот е што повеќето дискови кои ги имам дома се DVD-R :S. Сакам да видам дали може да го направм да чита и DVD-R дискови (дека можно е да е само некој switch активиран кој му ја оневозможува оваа функција на hardware-от
). Знам дека има начин да се edit-ира hex кодот (отвори со notepad и менувај што сакаш
), но дали има начин да се добие source-от (или барем приближно да биде определен source-от, ако не повеќе барем да можам да го гледам ASM кодот) од hex фајлот? Знам дека ова звиси од контролер до контролер и од ASM јазик до ASM јазик, но не може некој програм автоматски (врз база на конструкцијата на hex фајлот) да го определи ASM јазикот кој е коситен за пишување на firmware-от? Јас барем мислам дека би требало да биде можно, но се утепав од барање на Google и не врати некои релевантни резултати :S. За burn-ување на firmware-от на контролерот не е проблем, има многу flash-ери кои може да го направат тоа, но поенатат е како да му сменам кодот, a притоа кодот да не биде jiberish и checksum-от да остане ист.
Знам, многу барам
, но како за почеток, само нека остане на првото прашње, значи како од hex-от да го добијам ASM кодот и евентуално ASM јазикот кој е користен за пишување на firmware-от
.