Еднаш бев таму и го прашав за цена за capacitance мерач,имаше изложено два од кој што едниот беше кинески а другиот mastech и ми вика и двата се по 6000 денари...кинески 6000 денари што на еbay е 30 $...се зачудив и си излегов
Не се чуди, тие се цените тука, прашај било каде, секаде ќе ти кажат истото. Fluke-от се по 10.000 денари, а никој тука не носи некои други инструменти, освен Fluke и некои евтини Кинески копии, па бидејќи ретко кој (барем сега за сега) знае кои се цените online и купува online, тешко дека ќе се сменат работите во брзо време :S. А цените на Кинескиве им се напумпани бидејќи изборот во принцип ти се сведува на Fluke и копија, ретко каде на друго место во МК има баш добар избор на мерачи на капацитивност, така да некој ќе се одлучи и за поевтиниот, иако реалната цена на поевтиниот е далеку пониска од таа по која се продава тука, луѓе се лажат, нема 10.000 денари, има (на пример) 5000, па ќе гледа колку толку да се прикрпи и со тие пари кои ги има и ќе си купи еден мерач на капацитивност за 5000 или 6000 денари... тоа е тоа.
Нема конкуренција кај нас, барем не на ова поле, а и оние фирми кои имаат евтини делови и мерни инструменти, ретко ги ажурираат нивните листи, немаат mailing листа, ценовници... тоа се мисловна именка за некои од фирмите, online поддршка исто (ќе ти речат само „имам skype“... а што јас немам, што правиме сега, имам се останато освен skype, и место да се прилагодат на промените, они само ќе ти речат „ако сакаш skype, ОК, ако не, тоа е тоа“... не се гради така бизнис, ама тоа е тоа :S). Што очекувате кога работите се такви какви што се, немаат осет за бизнис фирмиве во МК, Loging се така, по културни, ама па цените им се... немам зборови, е сега ќе рече некој „епа сакаш ем убава услуга, ем да биде евтино“... не сакам тоа, разбирам дека ќе биде поскапо, тука нема збор, не може и убава услуга и евтино да е, ама сразмерно, значи немам ништо против да дадам и 200 или 300 денари за повеќеобртен потенциометар, особено не за тој квалитет кој ми го понудија, одличен беше, метализиран, ова она, супер си беше... ама 700 денари :О... луѓе, мислам... ве молам, може некој друг да но правите бу*ала, ама не и мене
.
Мислам дека тоа е најголемиот проблем, сите гледаат да ќарат набрзина, не гледаат да „долги патеки“, ем задоволни муштерии, ем има пари (колку толку, не лие, ама има доволно за да се покријат трошоци, вработени, мало проширување, итн.), бизнисот оди... гледам, за тоа тука се нема култура :S.