Не се исплати да се иде тамо поготово што не одговараат на мејл... ај да знаеш дека тие и тие делови ги имаат и знаеш цени и само идеш и купуваш а вака што знам...
Им пишав mail на огласот на pazar3, ако вратат, арно, ако не, тоа е тоа, во право си, не се исплати да одам до таму само за да дознаам дека немаат нешто што ми треба :S.
Значи освен Алфа и Login, другиве продавници за електроника навистина не враќаат на mail-ови, или дајте нешто skype, MSN контакт, да пишеме ако нешто ни треба, на пример Гац барем за тие работи е супер, му пишуваш, ти враќа, и веднаш знаеш дали нешто можеш да најдеш кај него или не
. А останативе :S, само телефон и ништо друго. Во денешно време 90% од комуникацијата се одвива преку електронски пат, дај нека влезат „во шема“ продавнициве за електроника, веќе сите комуницираат на тој начин, не заради друго, веќе е скап транспортот, бензин автобус, зошто да трошам за џабе пари ако нешто што ми треба го немаат :S.
Искрено, Алфа се науслужливи, еднаш дури и ми требаше слика од еден производ да видам, дали ќе ми одговара или не, не ни побарав (побарав само да ми го опишат), дечките го сликаа и ми ја пратија на mail сликата, не знам што да речам, навистина се услужливи, искрено, ме изненади тој однос, ептен фер, не очекував такво нешто
.