Како што неколку пати претходно спомнав, од моето дсегашно искуство, CFL-ките работат одлично на „долги“ временски интервали. Значи ако ги користите на места каде што често палите и гасите светло, да, најчесто се расипуваат во рок од месец дена или два месеци. Но, ако ги користите на места каде што константно свети сијалицата, како што на пример MAKEDONIA ја искористил за осветлување на терасата ноќе, да, тогаш траат многу долго. ЗНачи со CFL-ките поентата е да бидет пуштени што е можно подолго време, значи минимум еден или два часа
. Ако може подолго, уште подобро
. Ако се квалитетни (Philips или некоја друга brand фирма), ќе функционираат многу долго време
. Но, ако се прави со нив „пали-гаси“, да, не функционираат долго време. Нјачесто гасот едноставо престанува да проведува. Не ми е јасно зошто повеќето членови викаат дека им прегорела CFL-ката и дека некоја компонента внатре изгорела. Имам видено преку 20-тина прегорен CFL-ки и кај сите нив сите компоненти беа исправни (при толку висок напон, ако нешто се расипе, најчесто видливо е што е расипано, односно „чурнато“). Едноставно гасот престанува да проведува, не знам зошто, но за разлика од стандардните неонки со пригушница и стартер, овие имаат многу мал век на траење :S. Истот важи и за електронските стартери на неонките, исто така и неонка со електронски стартер трае многу пократко од неонка со стандардна пригушница и стартер. Од тие причини, го препорачувам истото што го има препорачано MAKEDONIA, ако веќе мора да менувате сијалици низа станот, сменете ги со неонки наместо со CFL-ки. Знам дека првичната инвестиција е малку поскапа и покомплицирана (вадење на старите фасонки, монтажа на држачи за неонки, стартери, пригушници, ова она :S), но на подолг рок ќе ви се исплати инвестицијата
. За разлика од CFL-ките кои чинат околу 200 денари, за целосна монтажа на една неонка ќе ви требаат околу 400 денари (неонка, стартер и пригушница, држач мошете и сами да си направите од стари иверки
), што е дупло повеќе (како сума) и многу повеќе работа, но на долг рок многу повеќе се исплати. Неонките со стандардни стартери и пригушници траат многу долго време. како пто рече Zdravkovski, се случувало неонка да трае и по 10, 15 години
, ако „правилно е поврзана“ (правилна моќност на пригушницата, убаво изведена пригушница, итн
). Затоа, доколку навистина планираат да ги замнуваат сите цијалици со жаречко влакно низ цела Европа, јас би ги менувал со неонки, CFL-ки во никој случај не би ставил :S. На некои места би монтирал високосјајни диоди, но не и CFL-ки
.
... уште користам од тие подебелите кои веќе со години не се произведуваат користам стартер од старите метали полски и југословенска пригушница ...
Сакав да прашам за ова, дали навистина веќе не се произведуваат вакви дебели неонки, или само не ги увезуваат кај нас? И ако не се произведубаат, зошто веќе не се произведуваат? Мислам дека многу посјајни беа од овие потенкиве :S. Баш ми е жал зошто не се произведуваат, би сакал да купам една бидејќи (во принцип) една таква би заменила две потени (од прилика, не сјае баш дупло повеќе, ама повеќе сјае од тенките
).
Кога сме на темава, исто така, сакав да прашам каде можам да најдам квалитетни пригушници? Знам дека Југсолвенските одамна се истрошија, но каде може да се најдат некои со приближно еднаков квалитет?