Би можел како детектор на напон да го користиш, бар така пишува
Него дали има замена за LM311 ?
Детектор, но за каков напон, еднонасочен наизменичен, вредност на напон, тоа не ми беше јасно, па колку што видов во datasheet-от не е ни дефинирано. Најверојатно (според ознаките) детектор на 15V напон ќе да е, ама што детектира, дали напонот е под 15V, над 15V, што дава на излез од компонентата, дали ја дава разликата од меѓу напонот на влез и 15V, тоа не ми беше јасно. На крајот на краиштата, можам да пробам, па да видам.
Компонентата ја извадив од еден стар кардиограм, не знам ни од каде ми го донесоа, највероатно од клинички центар, кога фрлаа пред едно 5, 6 години стара опрема, така да не е за некој уред компонентава, ме интересираше само дали да ја чувам и дали има некоја практична примена во денешно време зашто кардиграмов е прилично стар (барем 30 години сигурно, голем беше колку еден шифуњер).
А ова за LM311, ти прашуваш или ми нудиш одговор на моето прашање?