само D78 негде се среќаваат и 1N4148, не како монтажен број од редослед на местење на некоја плоча, туку како ознака на диодата
Знам, и јас имам сретнато такви ознаки, тие ознаки ги ставаат последниве неколку години (можеби малку подолго), ги викаат „стандардни индустриски ознаки“, се користат само за уреди за масовна потрошувачка (телевизори, DVD плеери, итн.) и само за определена група на компоненти кои се најкористени во ваков тип на уреди за масовна потрошувачка. Намерно мислам дека се прави тоа, за да можеш потешко да го сервисираш уредот (освен ако не си овластен сервисер) :S. Имам видено на интернет табели за овие „стандардни индустриски ознаки“ со еквиваленции помеѓу овие ознаки и стандардните ознаки, и јас еднаш го имав истиот проблем, баш со сервисрање на DVD.
Побарај ја сервисната шема, ми текнува дека тогаш кога го сервисирав DVD плеерот, во сервисната шема ги пишуваше замените за овие транзистори, диоди, стабилизатори, итн. и сите од нив беа некои општопознати компоненти кои се користат во ваков тип на уреди (1N4004, високонапонски switching транзистори, стабилизатори, итн., а имаа некои „леви ознаки“). Ова е некоја нова тенденција на производителите да ни ги отежнат уште толку работите, инаку стандардни компоненти се кои може да се купат насекаде
.