zacuvaj ja kasata taa ima sobiracka vrednost
Касата е одамна расклопена (за жал), а колку што помнам, и неисправна беше :S (ваљакот за печатење не и вртеше, и уште некој проблем имаше, барем колку што ми текнува), но затоа од нејзе извадив едно трафо кое на секундар дава 175V~ напон, така да, доста имам ќарено, некој ден тоа трафо може да се искристи во некој лампашки предзасилувач или засилувач
.
toa nemoze da se brise 7449 e godina 1974 i 49 nedela vo godinata moze da bide ROM,zacuvaj ja kasata taa ima sobiracka vrednost
Интересно, ова не сум знаел...
Да да, тоа значи, 1974 година, 49-та недела, датумот кога е произведен. Иако на прв поглед заликува на ознака од TTL логичка порта, само конциденција е поклопувањето на датумот на годината со 7000 фамилијата на логички порти (односно, TTL логичката фамилија
).
Giga ова е некаков vintage микропроцесор од 1970 ’те години, а тоа лимчето бакарно е најверојатно за подобро ладење. Малку ми е чудно што си нашол коло од керамика, ваквите кола најчесто се вградуваат апарати кои се предвидени за голема долготрајност и издржливост кои се употребуваат во армија, воена авијација и сл.
Инаку ова пакување се вика CERDIP (Ceramic Dual In line Package)
Во секој случај чувај го, веќе има музејска вредност
Еееееееее, да, и јас исто мислам, мислам дека е процесор, извадив и еден керамички осцилатор од касата кој работи на фреквенција од (барем мислам дека беше) 500KHz, или така нешто (треба да проверам), но знам дека немаше ни 1MHz работен такт
. Најверојатно е само некој прост „дигитрон“ процесорот, но сепак, како што рече, има музејска вредност
.
Касата е произведена во Германија, не ми текнува која фирма ја има произведено (а пластиките од кутијата ги фрлив :S, така да, и да сакам не можам да прочитам), но дефинитвно мислеле кога ја правеле, се беше изведено на двослојна витропласт плоча, а да не зборувам за останатите делови во касата, скоро се беше на Fairchild и беше висококвалитетно (од кондензатори, до отпорници... кога се правело порано, се правело, не се зезале
, и било наменето да тера 100 години
).
GigaWatt стави го на сигурно место да не го фрли некој по грешка
Ова дефинитивно се чува, не се фрла, не ради друго, не знам што е
. Тоа ме копка
. И јас мислам дека е „примитивен“ CPU со некои додатни функции (RAM, EEPROM, мини конртолер за принтање, итн.), но не знам каков и не знам што може да прави
.
ne se plsete jas imam desetina slicni pogolemi i pomali
Ај сликни ги, можеби ќе може некоја споредба да направиме
, па да дознеме за каков тип на CPU станува збор
.
а тој процесор што собирал, одземал, множел, делел, е аналоген или дигитален процесор?
Ова прашувам бидејки имам слушнато дека постоеле аналогни компјутери
Аналогните компјутери изумреле уште некаде на средината на претходниот век (барем колку што знам). Едно време се користеа овие аналогни „компјутери“ во малечките продавнички/драгсторчиња (кај нас ги имаше до кај 1994, 1995, потоа и кај нас ги снема, ако ви текува на оние старите големи каси, со ротирачки цифри
) и најверојтано тоа било единственото место каде што сеуште се користеа „аналогните сметачи“
. Ова е дефинитивно дигитално коло, TTL, што значи дека не може да има баш некоја висока фреквенција на работа и троши многу струја :S, но затоа пак е многу издржливо на температурни промени, напонски „шокови“ итн., CMOS технологијата е далку поосетлива на такви работи
.
Инаку да, најверојатно делел, множел, собирал, оземал и потоа само ги праќал тие информации кон принтерчето и се принтал резултатот на ролна хартија (односно, сметката). Инаку касата не е од оние големите (како што спомнав, од оние што ги имаше во драгсторчињата), туку е мала, од прилика голема е колку еден денешен notebook само што е подебела (доста подебела) и потешка од еден
.