Гига, ова најверојатно е BCD to 7 segment LED decoder, ако го гледаме вториот ред на ознаката - 7449.
Се надевам дека касата има ЛЕД дисплеј
Еве ти најдов даташит баш од Fairchild за ова коло:
http://www.datasheetarchive.com/pdf-datasheets/Datasheets-110/DSAP007809.html
40 пинско е колото за кое се интересирам, 7 сегментните декодери се најчесто 14 пински, како што е и ова коло за кое ми имаш дадено datasheet
.
7449 не е ознаката на колото, тоа е датум на производство најверојатно
не верувам дека е UV епром пошто она капачето е метално и прицврстено за цело куќиште тешко дека се вади така лесно
Мислам дека е ROM (бар така пишува)
еве ти нешто информации во атачмент
Го прочитав тоа што е во attachment-от, но колку што успав да видам, баш во определена серија на овие ROM-ови фали серијата со последната нула :S. Еве баш видете од сликата.
Значи го има колото 35141 и 35142, но никаде го нема колото 35140. Истото е и во другиот заокружен пример, го има колото 35151 и 35152, но никаде го нема колото 35150, односно колото кое го имам јас. Плус, не верувам дека тие ROM-ови се 40 пински (не се потребни толку адресни пинови на 256X8 мемории или ROM-ови). Нема логика :S. Затоа мислам дека освен ROM, можеби има и некое додатно коло :S.
А да им пишам на Fairchild, па да видам што ќе ми одговорат? Не ради друго, навистина ме интересира каков тип на коло е ова
.