не не, види ги како изгледаат линиите односно како изгледаат сегментите не се како обичните лед дисплеи , нешто како овие VFD- то се
А у што боја светат или уопште не светат ?Мене ми личат како дисплеите на бензинска што се,како бело што светат
не е тоа кристал на стакло туку чип на стакло се вика
chip on glass
Вака сега, светат сино (светло сино, како што реков, како на старите видео рекордери или CD плеери, не знам дали имате видено како светат, ама тие кои имаат видено, знаат како светат, светат со послаба јачина од LED дисплеите, доволно колоку да видите што има/пишува на дисплејот). Распоредот на задните пинови им е како на типичен 7 сегметнен LED дисплеј, само што пинот за активација (светење) на еден сегмент од дисплејот се наоѓа точно зад секој сегмет (значи не се распоредени горе и долу, под и над сегментите како на типичен LED дисплеј, туку зад секој од сегментите е пинот за активација, другиот пин е како и кај LED дисплеите, заеднички за сите, се наоѓа во долниот лев агол на задниот дел на секој од сегментите).
Тоа што го спомна Devil, мислам дека таков тип на дисплеи се, значи колку што знам сосема подруг принцип на работа имаат од LED и LCD дисплеите (изгледа како да се херметички затворени во стаклото, како да не смее да влезе воздух за да може да работат или како да им треба некаков сосем подруг тип на гас за да работат, но не се електронски цевки, тоа сигурно ви гарантирам, барем според изгледот се гледа дека не се). Не знам колку имате отворано стари уреди, но скоро сите постари CD/VHS плеери имаа вакви дисплеи и беа хемретички затворени во нешто што личеше на цевка (не е електронска цевка, повторно напоменувам, не е потребен напон за греење или нешто такво, можеби е само потребен некаков гас за да може да функционираат, па затоа мора да се херметички затворени). Е сега проблемот ми е, како да ги испитам дали функционираат (мислам дека се исправни, но не знам ништо за нив, ни дали се заедничка анода/катода, ни кои напони се потребни за да функционира еден сегмент, ништо не ми е познато за овој тип на дисплеи :S).
Ако некој нешто знае за нив, нека пише или нека стави линк за да прочитам, да видам каков тип на дисплеи се и како треба да ги испитам
.