Да да, знам како изгледаат, и јас имам вакви варничари дома (вадени од медицински апрати), ама тогаш објасни ми зошто мерени на унимер, покажуваат скоро бесконечна отпорност? Јас колку што знам, варисторите треба пред да се загреат (кога прв ќе протече струја низ нив) да имаа релативно мала отпорност (неколку стотини оми) за потоа, кога ќе се загреат, да почне да им расте отпорноста за да не мора да трошат струја и да не греат многу, со што уредот го заштитиле при вклучувањето (најчесто се поставуваат паралелно на 230V-ната линија), односно му го намлиле првиот „удар“ на мрежниот напон, а потоа, се однесуваат како мали потрошувачи и имаат прилично голема отпорност (не сум мерел, но најверојатно ја дигаат отпорноста од неколку Kohm-и, до кај 10-тина Kohm-и).