Регионот на растење би требало да биде поголем, значи поголема разлика на капацитивноста на некој миливолт треба да забележиш.
Искрено, не сум се „зезал“ многу со варикап диоди, освен на пракса кога ги правевме оние предавателите (колку ги мразев
), така да не знам во кои граници треба да се движи капацитивноста. Само знам дека треба да има големи промени, за разлика од бичните диоди кои имаат мали
.
ПС: Оние тиња мултимерите (во ранк од 1000-2000 денари) што имаат поле за мерење капацитивност се, како што кажав, тиња. То-ест, внатрешната електроника ќе се збуни кога ќе види напон на краевите на сондите и може да не мери како што треба, или пак ќе ја мери и капацитивноста на батеријата/напојувањето што е фејл.
Паааа... не би се сложил дека се „тиња“, но ОК, секој си има право на свое мислење, сосема се солидни за некои работи, меѓу кои дефинитивно не спаѓа мерење на капацитивност. hfe, фреквенција, на напон и струја мерат сосема соидно (не одлично, но солидно
). Затоа и напоменав дека треба да има таков C метар, односно некој кој може да мери капацитивност под напон (има и такви, но се многу скапи :S).
Најдобро е ако имаш RLC метар, тој работи во таков режим со што со позната фрекфенција и еден куп други ствари (читај, математика) ја пронаоѓа непознатата вредност на кондензаторот.
Како што реков, бааги скапи уреди се тоа, не верувам дека има таков. Сакав само чисто да го објаснам принципот на мерење, само тоа
. А дали е варикап или обична диода, нјаверојатно нема да дознае :S (иако морам да нагласам дека кога се мери на инструмент диода, падот на напонот што го јавува е баш толку, малку над 0.5V, иако во реални кола, кога низ неа тече релативно поголема струја одколку кога се испитува со инструмент, може да има пад на напон и од 0.8V, зависи од диода до диода, но најчесто е околу 0.2V или 0.3V поголем од тоа што е измерено со инструмент
).