абе за 6454 се работи, ова во даташитот не е тоа коло
пошто нас не интересира кој напони ги дава на излез да можеме да провериме
Блок шемата на ова коло и на тоа кое ви треба би требало да биде иста, некои ситни разлики треба да има, но во принмцип, би требало да биде многу слична
.
Ако можете да најдете сервисна шема, или само шема, уште подорбо би било, NEO телевизорите во принцип имаат многу слични шеми на сите модели, се разликуваат само по опциите кои ги имаат (некои работи не се поврзани кај одредени модели, на пример не е поврзан излезот од A/V сигналот од микропроцесорот до SCART конекторот, или некоја таква ситна разлика
). Шасиите на NEO се TV2K, TV3K, TV4K, ги има шемите на net, па побарајте ги и видете дали во нив пишува колкав е напонот во која точка од шемата (на TV2K и TV3K знам дека сигурно ги пишува
). Ако не е иста шемата, можно е да е многу слична, а напојувачките секции се скоро идентични кај сите три модели, така да со малку нагаѓање и експериментирање, сигурен сум дека ќе најдете адекватна замена за овој switching регулатор (според datasheet-от, мене на тоа ми изгледа
).