Вие што викате со кое да „играм“ 74 или SN?
Ознаката на интегрираното коло е 74132, буквите пред ознаката означуваат производител (на пример SN е за STM, HCT е за Philips, итн, не ме земајте за збор за ознаките, може и да сум згрешил или да сум ги помешал), буквите измеѓу 74 и 132 означуваат подфамилија на логичко коло, дали е за високи фреквенции, дали има некое подобрување во излезниот степен, дали е изведен влезниот степен со брзи диоди (Шоткиеви), итн. Инаку станува збор за исто интегрирано коло (логичка порат, BCD декодер, што и да е). TTL (Transistor-Transistor Logic) фамилијата на логички кола почнуваат со бројката 7 и најчесто имаат 4 цифри, но некогаш имат и 5 (како во овој случај). CMOS (Complementary MOS) фамилијата на логички кола почнуваат со бројката 4 и исто така најчесто имаат 4 цифри за означување на колото. Има еквиваленти на кола од TTL фамилијата во CMOS фамилијата (бидејќи може на некој начин да се каже дека е во изумирање TTL технологијата).