Напонот на неговите краеви е нула, а и напонот меѓу било кој од неговите краеви и некој трет пин (било кој) е ист, така да ти „држи вода“ идејата дека е осигурач
. Башка, на уредот од кој што го извадив пишуваше дека уредот имал потрошувачка од 10W на 220V, така да трансформаторот не е нешто ептен моќен, можеби вака изгледа голем (поради зумот на сликата) ама не е, така да не би му дал повеќе од 40W (вака, „од око“).
А зошто би бил ставен, не ми е јасно, поставен е меѓу еден извод од намотките на примарот (примарот има некои додатни изводи кои се поврзани со некои од изводите на секундарот или со дел од изводите за напојување на уредот, поврзувањето на трансформаторот со уредот беше изведено со еден конектор сличен на molex конекторите на PC-ињата) и една од намотките на секундарот. Која би била целта на ваквото врзување, навистина не знам :S.