Фала ти за одговорот, само за тој DM74LS73AN дали дава правоаголен или синусоиден сигнал?
Flip-flop-овите се во принцип мемориски кола (можат да меморираат еден бит информација), па поради тоа можат да имаат само две состојби на својот излез (излези, најчесто се Q и Q коплемент), или високо логичко ниво, или ниско логичко ниво, што значи дека доколку ги користиш како осцилатори, на излезот ќе добиеш правоаголен сигнал
.
За што можам да ги искористам следниве кола?
HA17358
KIA75902P
TX-2B
AN5421
ATMEL934
HA17358 е двоен операциски засилувач произведен од Hitachi. Работи на еднонасочен несиметричен напон (доста голема предност). Чувај го, може да притреба за некој аудио предазсилувач или предзасилувач за гитара, бас, било што што му треба засилување на сигналот до линеарно ниво... па може и малку повеќе од линеарно ниво
.
Замена за KIA75902P e LM2902N, a овој пак е четворен (четворострук) операциски засилувач за општа употреба. Исто така се напојува со еднонасочен несиметричен напон. Бидејќи е општонаменски, може да се користи за било што, во принцип најчесто за аудио употреба (иако не мора да значи), само не во излезниот степен се разбира.
TX-2B е интегрирано коло наменето за безжична контрола на колички (играчки). На влезнот има команди како Right, Left, Forward, Backward, Turbo и на излезите дава соодветни логички команди. Може бааги примени да има ова коло, не само во колички играчки. Јас искрено би го применил во некој чуден генератор на звук... ама тоа сум јас
.
AN5421 е релативно страо интегрирано коло (може да се забележи по datasheet-от, скениран е) и се користи за синхронизација и детекција на ТВ сигнали. Произведено е од страна на Panasonic и е доста отпорно на промени на напонот на напојување и температурани промени. Останатиот дел од текстот беше на Кинески, така да не сватив баш многу многу :S.
ATMEL934 би требало да биде микроконтролер (или микропроцесор), ама не најдов многу по net-ов за него. Можеби 934 е некое кодно име, а се продава за широка потрошувачка под друго име... искрено не знам... :S