Сум ја подзаборавил темава и требаше да ве информирам за тоа како поминала мојата прва нарачка од ибеј. Како и да е поарно некогаш да одговорам отколку никогаш
Еве вака... значи нарачката ја направив на 2 февруари, пратката била пратена на 4 февруари и нормално ко за првпат се искомплицираа работите и нарачката ми се изгуби негде во бермудскиот триаголник.
Откако поминаа 25 работни дена ги информирав дека сеуште нема ништо стигнато на моја адреса па кинезите ми пратиле нова пратка, без дополнителни трошоци, која среќно стигна на 25 март после 50-тина дена.