А ти што сакаѓ да нарачуваш?
Па еве, осцилоскопи на пример, или спектрани анализатори, лаптоп, можеби некои специјални конвертори кои ги нема тука, не знам, се што спаѓа во „кварлива роба при транспорт“, и уште поважно, повеќето работи кои сакам да ги нарачам се на старо, односно користени, на ново ќе ме коштаат можеби и X4 повеќе одколку да ги купам на старо. И да се малку зезнати, не е проблем, ќе си ги средам јас и ќе си ги прилагодам за моите потреби (како што правам многу пати и со производи купени од тука во Македонија, ги преправам, поточно джги правам подбри и поиздржливи бидејќи веќе се е Made In China и ништо не е квлаитетно), и уште една работа, да бидеме реални, постарите производи беа поквалитетни, од секој бренд, скоро и да немаше исклучоци, затоа и сакам да купувам производи пороизведени во 90-тите и 80-тите, нови производи не сакам бидејќи треба да ги преправам, доправувам, што и го правам, но одзема време, а искрено, и не може баш се да се преправи :S. Освен компјутер, друго ништо не сакам на ново да купам, освен можеби нешто компјутерска опрема, ама друго освен тоа, не. Затоа и барам на старо да купам опрема, ама само на ebay се нуди опрема која може да ми користи за моите потреби на старо, на други асјтови не сум видел, барем не по тие цени, на ebay може да се начекаат навистина добра опрема „скоро за џабе“, да бидеме реални, еве баш пред некој ден начекав мултиметар FLUKE со audtorange до 2000V (!?!) мерно подрачје произведен во 90-тите за 20 долари (!?!
). Кај ќе најдам тука таков мултиметар за таа цена, за shipping ми наплаќаат 10 долари, значи за 30 долари ќе имам професионален мерен инструмент од реномиран бренд, не е произведен во Кина (во 90-тите сеуште се држеше некое ниво на квалитет и дигнитет кај фирмите), а не Кинески копии од познати брендови на инструменти кои може да коштаат и по 70, 80 евра, со далеку послаб квалитет од оној на FLUKE. Сите го знаеме тоа.
Ете зошто почнаев ептен да се распрашувам за online нарачки преку ebay, некогаш има смешно евтини работи, затоа.
Ама според нивните објаснувања (на тие од страничката) може да порачуваш што сакаш. Што потешко е поскапо, а што поефтина роба купуваш, поголема провизија земаат.
Да, ама како што опишав погоре, нема тоа што барам, за оптонаменска електроника, има и кај нас, ама тоа не ми треба на мене, ми треба специфична опрема, затоа не ми врши работа сајтот.