Е и мене ми треба човек да ми донесе нешто до Шведска и кога ќе се враќа летово во Македонија, да ми го донесе, ама нема, не се надевајте дека некоја ќе сеака да ви направи услуга, пишав на 5 или 6 луѓе, сите ме одбија, иако понудив и додатна сума на пари (награда) ако ми го донесат тука уредот. Никој не сакаше да се нафати :S. Се разбира, парите за уредот однапред ќе ги префрлев на сметка (однапред ќе го платев).
И уште една работа сакам да напоменам, секоја пратка што е со цена од над 50 евра (вредноста на пратката) се царини, а може и да ви наплатат лежарина на царина (што не е баш евтина, не знам колку беше, ама не е баш евтина, мислам дека беше некаде околу 1000 денари од ден, ама не ме земајте за збор), така да на крајот да ви излезе „више дара него масло“, за уред или пратка од 100 евра може да платите и цена од 500 евра, па мислете му ја :S.