Овие се силиконски подлошки извадени од SMPS напојување, намерно ги бирав да се пошироки од обичните TO-220, на нив имаше некои фет-ови што горе-доле работеле на некои слични напони, така што претпоставив дека ќе завршат работа и кај мене, ама ако мислиш дека се малку да му ставам уште по еден пар или да барам керамички? Иначе транзисторите се цело време на потенцијал +350V према ладилникот (кој ќе биде заземјен), а за добивање 700V изворите ќе се врзуваат редно преку излезните приклучоци.
Исто така приметив дека при максимална излезна струја од 100mA се јавува голем пад на напонот, кој паѓа од 350V на околу 150V, дали е ова карактеристика на колото или раздвојните трафа се мали (моите се околу 30W)?
На крај уште една напомена - кога ќе ги купувате потенциометрите обавезно побарајте да бидат предвидени за дисипација од 250mW, тие се наменети да напони до 500V, за разлика од 150mW-ните кои се наменети до 250V. Можда во некои продавници бледо ќе ве гледаат кога ќе им побарате вакво нешто, во тој случај одете во друга продавница каде што си ја знаат работата
бидејќи на око нема никаква разлика помеѓу 250mW и 150mW-ните. Иначе јас земав цели пластични, производство на Piher.