мене само што ми проврија водата го извадив и супер си беше...ама тоа водата па пополека треба да се загрева, на плинско многу брзо се загрева и затоа зафркавало...
Да, кај мене одма се загреа, плус, јас во малечко лонче од пола литро го вриев трафото, така да и на рингла да го греев пак брзо ќе се згрееше, ама се разбира поспоро одколку на плин
. Инаку на плин, водатат за максимум 10 минути почна да врие, и си реков ај да пробам, пробав, го вадам, гледам капките лепак не мрднале, исто сјаат, пробувам да го разклопам, јок, не сака. Пак пробав по некои 20-тина минути, сега малку повеќе го остатвив едно 15 или 20 минути (значли некаде околу 5 или 10 минути веќе вриеше водата), пак ништо :S. И таман сакав да се откажам, да пробам со некоја друга метода, си реков, ај уште еднаш, и го остатвив така да врие, и се заборавив
. Кога се вратив, половина вода беше испарена и трафото „зјаеше“ над површината на водата. Дотурив уште малку вода, оставив и таа да зоврие, уште едно 5 минути, и го извадив и пробав пак, немаше проблем, одма се разклопи
.
Значи, ако расклопувате трафо со мала количина на вода и ако ја грете на плин, оставете ја да врие едно 30-тина или 40-тина минути, притоа додавајте вода како што ќе испарува, и би требало без проблем потоа да можете да го разглобите
.