Е сега, фреквенцијата што ја прима радивцето е фреквенцијата што ја покажува мерачот на фреквенција минус 10.7 MHz за ФМ опсегот, или фреквенцијата минус 455 KHz за АМ опсегот.
Како ова? Не сваќам
Еве како, на пример ти сакаш да слушаш радиостаница на фреквенција од 100 MHz на ФМ опсегот, и овој сигнал доаѓа до антената од радиото.
Во радиоприемникот имаш локален осцилатор чија фреквенција ја менуваш со копчето за бирање на станици.
Фреквенцијата на овој локален осцилатор е за 10.7 MHz повисока него ли фреквенцијата која сакаш да ја слушаш, значи ќе биде 110.7 MHz во случајов.
Зошто?
Еве зошто, овие два сигнали (од антената 100 МHz и од локалниот осцилатор 110.7 MHz) одат во мешачот (миксерот) и овој склоп создава два сигнали, 110,7 + 100 МHz=210.7 MHz и уште еден 110,7 MHz - 100 MHz=10.7 МHz. (значи создава збир и разлика од фреквенциите)
Првиот сигнал не важен превисока му е фреквенцијата, важен е вториот од 10,7 MHz.
Е сега на крај зошто оваа компликација ја има во приемниците, е затоа што на времето било тешко да се засилуваат директно сигналите од антената, 100 MHz било превисока фреквенција за засилување, немало такви ламби и транзистори што можеле да засилуваат на таа фреквенција, мислам имало ама биле скапи и ретки и сл.
10.7 МHz било многу полесно да се засили, него ли 100 МHz.
Покрај тоа што денеска има транзистори што можат да засилуаваат многу добро на овие фреквенции ова е нешто останато како традиција од тогаш, и има овој систем и некои други предности, на пример голема селективност и осетливост и сл.
Слична ситуација е и за АМ опсегот.
Се надевам дека е појасно, или не е.
За повеќе информации:
http://en.wikipedia.org/wiki/Super_Heterodyne_receiver