Па за цело Скопје едно 100W до 200W предавател ќе ти треба. Со толкав предавател (мислам дека беше околу 150W или 200W) беше опремено и студенсткото радио (кога го реоформија на почетокот, не знам за сега) и пак не беше покриено буквално цело Скопје (на пример ни кажувале дека во Чаир, Ченто, Маџари супер се фаќало, ама слабо се фаќало во Ѓорче). Само колку и да е добар предавателот, ако не е поставен на правилно место и ако нема добра антена, можно е да има „дупки“ низ Скопје во кои нема да може да се прима сигналот (барем од што имам читано од форумов). Дури и да е дизајнирана антената правилно и да е поставена правилно, пак може да се јават дупки.
За цената, искрено не знам колкава би била, Борче го има изработено, така да он сигурно знае колку коштаат деловите
.