абе за трепкачи и 555 врши работа, за мали проектчиња кој ќе се прилично ефтини
за скапи работи има колку сакаш
Напротив за евтини работи има колку сакаш контролери а за скапите си ограничен на неколку типови и секогаш мораш да правиш компромис. Патем LPC2148 е само 15е а може да направи што ниеден PIC неможе да го замисли (има PIC-ови со многу повисока цена). Сепак мислам дека LPC серијата на NXP (Philips) и DSP серијата на texas instruments се најдобрите на пазаров. Се друго е имитација. Имено сум гледал а и сум работел на некои од наведениве проекти:
-GPS локација
-GSM/GPRS комуникација со сервер преку интернет, преку мобилна телефонија
-WEB server со целосен интерфејс
-802.11 стандард за комуникација со рутер и мрежни стандарди
-Real time обработка на видео од камера и препознавање на објекти и бои и соодветен алгоритам за процесирање
-Процесирање на аудио сигнал со бројни ефекти (Што се може да се направи на аудио сигналот во дигитален домен, sound forge real time)
-Комуникација преку bluetooth со компјутер и мобилен и комплетна java апликација за далечинска контрола од мобилен ( да не ја исклучиме и GSM контролата неведена погоре)
-802.15.4 wireless комуникација до 6km помегу 2 контролера
-CAN комуникација со сензори и сензорски мрежи
И што ли уште не. Буквално можностите се неограничени. Доста размислуваме за термометри и часовници. Тие веќе кинезите ги прават за четвртина од вредноста на контролерот
.