Ќе може да ми објасниш што значи СМПС? И долното трафо е СМПС?
За долното не се гледа убаво какво е, ама останатите две се сигурно до SMPS напојување на компјутер (горе лево) и од телевизор (горе десно, мада не ме земајте за збор дали е од TV, но дефинитивно е од SMPS). SMPS е скратено од Switching Mode Power Supply, односно прекинувачки извор за напојување (на нашки, switching напојување, како што имаат компјутерите). Фреквенцијата на работа на овие извори за напојување многукратно поголема од обичните напојувања со мрежен трансформатор (некогаш може да биде и 200KHz, зависи од дизајнот на switching напојувањето, но најчесто се од 50KHz до кај 100 или 150KHz), а и принципот на работа им се разликува значително, како и начинот на контрола на излезниот напон.
Проверката им се извршува со обичен ohm-метар. Примарната и секунардната намотка треба да се галвански одвоени (да јавуваат бесконечна отпорност на ohm-метар), а помеѓу сите пинови од приманата и секунадрната намотка, треба да има конечна отпорност, не преголема (на примарот не би требало да биде поголема од 1K, а на секундарот не поголема од 500, 600 ohm, овие мерења се забира се „од прилика“, само колку да провериш дали се исправни и не се води „слепо“ по врендостите што ги пишав, некогаш може и бааги да се разликуваат, но не смее во никој случај да бидат бесконечни).
Тој што ти е горе десно можеш да го искористиш за овој проект, само што ќе треба да се премота:
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4121.0
Споено мислење: [time]16 Март 2011, 12:32:58[/time]
а дали е можно овие трансформаторчиња да се премотуваат?Или не се исплати.За што тогаш може да се користат?-За некој интересен уред?
Да, може да се премотуваат, и јас планирам да ги премотувам, за напојувањата LordZi што ги има post-иано, а такви јадра во компјутерски напојувања има еден куп
.
Споено мислење: 16.03.2011, Wednesday, 12:34:37
може да се премотуваат, ама тешко е да ги растуриш без да ги искршиш...
Има финта за нив, ми ја кажа еден винклер
. Не можам да објаснувам комплицирана е, кога ќе ги премотувам, ќе направм слики или клип како да се премотаат
.