на влез има 3 В, а на големиот кондензатор му треба 300 В, нели тоа значи дека треба да барам трафо со однос на намотки н1/н2 = 100 !? или грешам околу ова? давајте совет!
Па, искрено, не ме земај за збор, ама мислам дека соодносот на намотки кај вакви (во принцип switching) „полначи на кондензатори“ не иде баш така. Ама како пшто реков, не ме земај за збор, не сум сигурен за ова :S. Башка, на секундарот има еден посебно делче од трафото кое го дава контролниот сигнал (switching сигналот) за транзисторот, така да, ако и тоа се земе во предвид... искрено, не знам како ќе му дојде :S.
знаци ли дека треба да го одлемам од плоча? за да го испитам .....
Да, баш така, најубаво ќе покаже инструментот ако е извадено трафото од плочката
.
И нареден пат, ако може правилно да ги користиш буквите ш, ч, ж, ц...
1.2 Вашите текстови да бидат исправно напишани, односно користете ги и буквите ш, ж, ч, ќ и ѓ.
може ли пред да го пробувам ова, да ми го дефинираш тоа "зачури".
немам искуство со големи кондензатори, а имам читано дека чурат т.е. пукаат.
која бучава експлоизија да ја очекувам ? и дали ми треба некоја физичка препрека (стакло, плекси, очила) за да се штитам од можни парчиња ...
Па искрено, не верувам дека ќе зачури кондензаторот, барем не би требало, освен ако не го смениш трафото со некое со поголем однос примар/сенундар. Ако е изгорено трафото и ако не е во краток спој, најверојатно нема ништо да се случи. Кондензаторот после трафото нема да се полни и тоа е тоа. Ако е трафото изгорено, но во краток спој, прво ќе изгори транзисторот (ќе „зачури“
). Ако е секундарот изгорен, повторно, најверојатно нема ништо да се случува бидејќи нема да има повратен сигнал од трафото за да може транзисторот да се тригерува, така да, повторно, не би требало да се случува ништо.
Ако ти е страв да не случајно нешто се случи, се разбира, употреби „што тие при рака“ за заштита, наочари, стакло (некое подебело по можност), ночари за швајцување... се што е проѕирно и дебело (тешко кршливо) би свршило работа
.