Не знам на тие сликите каде што е метрото, дали е тоа трансформатор или кондензатори се?
Ако може да даде 50A струја, со ова чудо можеш комотно да палиш кола
.
Може да се преправи да биде полнач на акумулатори, но најверојатно трафото е предимензионирано за таква работа, плус, сега може да се најдат релативно евтини полначи за кола, во EuroTools најветините се околу 1000 денари, така да не ти се исплати да го преправаш ова :S.
Повеќе ти се исплати да го премоташ трафото со повеќе жица за поголем излезен напон и да добиеш едно многу моќно трафо за засилувач со моќност (можеби) и до 2 X 500W RMS
. Прецизно измери ги димензиите на јадрото и со помош на некои програмчиња ќе можеш да пресметаш колкава моќност има јадрото
. Пробај со ова програмче
.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=4532.0
Ќе може да се искористат и останатите компоненти најверојатно, грецот (колку што успеав да видам, доста моќен е, штом има ладилно тело, моќен е), кондензаторите (иако се стари, во напојувачка секција не би требало премногу да пречат, иако ова треба да се испита, сепак, постарите кондензатори се поквалитетни од поновиве, така да не би требало да се пресуви, иако, како што реков, треба да се провери
) и уште некои останати компоненти.
Овој уред изгледа било многу моќно напојување за некаков уред кој работи на еднонасочна струја, можеби некој моќен мотор, или нешто слично, но се гледа дека изворот е лабораториски, во институтот по електроенегретика има слични вакви напојувања кои ги користат во „посебни пригоди“ (само на прослави и кога треба да има „огномет“, хахахах
, се зезам
).
Најверојатно не е изгорен самиот амперметар туку само индикаторот со вртлива стрелка, такви индикатори може да се купат во Искра, но ги има и во други продавници, скоро во секоја поснабдена продавница за електроматеријали може да се начекаат такви индикатори со вртлива сказалка (калем)
.
Може да се заменат и осигурувачите со автоматски, но ќе треба да се менуваат и лежиштата заистите, значи ќе треба да го сечеш лимот/железото од кутијата за да можеш да ги монтираш новите кои имаат правоаголен пресек, за разлика од старите. Плус, барем според мене, ќе се изгуби „шармот“ на напојувањето ако го направиш тоа (ако веќе планираш да го преправш и да биде во иста кутија како и сега). Како и да е, поентата е дека може да се сменат осигурувачите со автоматски
.
Што се однесува до копчињата за вртење на преклопникот, можеш да најдеш две исти/идентични исто во прдавниците за електроматеријали, па од таму да си купиш нови
. Само носи ги старите за да можеш да земеш некои со приближно исти димензии
.
Толку колку што ти рекол татко ти дека троши ќе троши само ако го оптовариш напојувањето максимално (ако е татко ти во право, значи дека тој трансформатор внатре е околу 2000VA), но ако го оптовариш многу помаку од максимумот, најверојатно нема до толку многу да троши
.
Каблите со кои ќе го поврзуваш треба да се со дебелина слична на онаа со која се поврзуваат два акумулатори од кола кога една кола треба да запали друга (ако и истрошен акумулаторот, клеми ги викаат тие кабли), но само ако планираш целосно да го оптовариш напојувањето. Ако не планираш целосно да го оптовариш, не мора толку дебели кабли да ставаш
. Колкав е напречниот пресек на тие кабли, искрено не знам, не сум до толку упатен во автомобилска електронка, нека пише некој друг кој е поупатен во автомобилската електроника
.