Author Topic: Дали може некако да се намали напон на трафо од 2х37 на 2х35 волти  (Read 2259 times)

Offline boki-cair

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
Здраво до сите ме интересира дали може да се намали напон на трафо од 2х37 на 2х35 волти без да се премотува трафото односно да се додаде некоја електроника или пак да се направи нешто слично  

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
колкава моќност е трафото и колкава моќност ти треба тебе ?
се можи да се направи само би те фатило поскапо и потешко да правиш електроники
а да го премоташ, односно да отсечиш 2-3 намотки не би те коштало ништо
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline boki-cair

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
трафото е 2x37v 480w е сеа мене ми треба 2х35v 300вати. Ти спомна дека може да се отсечат некои намотки може да ми кажеш како или пак да ми кажеш некој што знае и колку би ме чинело

Offline totii

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 103
  • Gender: Male
тоа може да го направи секој винклер.но не знам дали ке може така да се отсече некоја навивка и да се дотера на 2х35v и 300w.ке треба да ги прочиташ спецификациите ако ги има на трафото и со помош на програмче да пресметаш една навивка а со тоа и ке знаеш колку навивки ке треба да пресечеш.мислам дека таа работа ке може да ја заврши некој винклер и нема многу да кошта 

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3187
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Наједноставно е да ставиш сериски по 2-3 јаки диоди после исправувачот, тие ќе го симнат напонот за отприлика 2 волти. Ако ти е трафото за засилувач, особено транзисторски, ќе работи и на 2х37 волти.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
boki-cair најверојатно ова трафо ќе го користиш за аудио засилувач и нема потреба да го намалуваш напонот и моќноста, бидејќи ако го користиш за засилувач нема да му смета ако трафото има поголема моќност и поголем напон за неколку волти :). Кажи за кој засилувач се работи т.е. постави шема или било каква информација за него, за да видеме за каков засилувач се работи ;).

Offline boki-cair

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
значи ова напојување ќе се користи за тда 7293 од емитер

Offline VLATKO*

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 545
како мериш,со отповарување или?

Offline boki-cair

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
значи јас не го мерев туку братот на тетин ми ми го даде и ми кажа дека е 480 вати 2х37 волти

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
ќе работи без проблрм на тој напон, нема потреба да се премотува итн....  И онка кога ќе се оптовари ќе има пад на напон некој волт.

Offline boki-cair

  • Нов член
  • *
  • Posts: 26
значи дојдовме до заклучок дека нема да му пречи неколку волти поголем напон на тда7293 ок благодарам до сите
п.с. ако има некој нешто да дополни слободно темата не е затворена

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Не ми идит на памет уредот точно, дали иама осигурачи, но за ској случај, никогаш не се на одмет 5-10 амперски спори(т) осугурачи на - и + да стајш, секој случај.  ;)

Offline 007

  • Нов член
  • *
  • Posts: 36
Ako trafoto e 2x37v naizmenicna, otkako ke se ispravi ke dobies okolu 2x50v.tda7293 optimalno raboti na 2x40v i najverojatno ke dobies izgoreno tda7293!!!

Пишувај кирилица!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
007 ја ти даташит и види си...

Code: [Select]
http://www.datasheetcatalog.org/datasheet2/9/0ozxelyhtgfl5jsx9108fj3sqq3y.pdf
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline Maki

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 721
Трафото е снажно па нема да падне нешто напонот после оптоварување. Од даташитот за 7293 максимален дозволен напон е 50 волти а трафото после исправљачот дава изнад 50 волти па затоа послушај го LordZi и стави уште по 2 диоди сериски за плус и за минус после грецот. Онда уште еднаш измери го напонот на исправљачот да бидеш сигурен. Негде мрежниот напон е изнад 230 волти, негде испод па можда уопште не треба да го симињаш напонот со диоди.