Ова коло го има во повеќето радио-будилници (оние со црвен лед дисплеј и алармот што „буши уши“), имам растурано такви, правев некои експеримети еднаш ...
На батерии нема да функционира, може да се приклучи батерија ама таа е само да го „чува„ времето а во тој случај дисплејот не работи (кога нема мрежен напон).
Инаку дисплејот работи во мултиплекс мод и ако користиш стандардни дисплеи треба да ги поврзеш соодветните сегменти еден со друг (според шемата).
Секунди не може да прикажува, односно не може истовремено со саат и минути, може само по потреба (треба да се притисне една комбинација од тастери не ми текнува која беше за да прикаже..)
Така да, ова коло претпоставувам нема да ти одговара на барањата...