Author Topic: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628  (Read 62059 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #255 on 19.03.2013, Tuesday, 02:59:21 »
Може да ми дадете инструкција како да го направам тоа?
Или пак некој ако можи да ми го среди фајлот, срце, трепкање и рестарт, би му бил многу благодарен.Како што пишав за матура ми е и не сакам да направам некоја грешка :)

Нели рече дека си го подесил на крајот да има срце? Прво испробај дали ќе работи, ако работи, нема проблем, ако не работи, пиши, ќе видиме што може да направиме ;).

Не знам дали софверот на BorceBT има поддршка за Unicode и UTF-8 карактери. Ако може да се прикажуваат кирилични букви, најверојатно има поддршка за Unicode или UTF-8. Тогаш би требало да поддржува и Extended ASCII и само треба да видиш кој hex код (двоцифрен хесадецимален код, односно byte) одговара на кој симбол (има такви табели online) и да ја впишеш таа вредност во hex едиторот на местото на кое треба да стои срцето ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3190
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #256 on 19.03.2013, Tuesday, 11:09:36 »
Дали воопшто го проба склопот дека работи? Пробај го со овој .hex што си го ставил, ако работи како што треба после лесно се менува текстот во епромот.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #257 on 19.03.2013, Tuesday, 18:04:19 (Edited 19.03.2013, Tuesday, 18:07:29) »
Го испрограмирав пикот, арно ама нешто не е во ред, го приклучив на 8 волти на напонски исправувач и се намали на 2.5-3 волти.Проверив со мултиметар дали има некаде краток спој но никаде на најдов.
Инаку спрема оваа шема го правев.
Не знам што да правам веќе, нерви искинав, до следната недела треба да ја предадам :((((
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #258 on 19.03.2013, Tuesday, 18:08:53 »
Ако не ти е проблем, стави некоја слика да видиме што си направил.
Жан

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #259 on 19.03.2013, Tuesday, 18:11:46 »
Ако не ти е проблем, стави некоја слика да видиме што си направил.

Не беше ич проблем тоа, ама за жал со крш телефон сум моментално и не вади убава слика, утре или другиден доколку сум во можност да најдам апарат ке поставам слики :)
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #260 on 19.03.2013, Tuesday, 18:14:29 »
Што користиш за напојување на уредот, ако е обичен адаптер, можеби не дава доволно јака струја, па затоа може да паѓа напонот.
Жан

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #261 on 19.03.2013, Tuesday, 18:19:27 »
Што користиш за напојување на уредот, ако е обичен адаптер, можеби не дава доволно јака струја, па затоа може да паѓа напонот.



Пробав со школскиот, пробав и со батерија од 9в но ништо :(
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #262 on 19.03.2013, Tuesday, 18:20:47 »
Тогаш мора да има нешто погрешно поврзано или некоја неисправна компонента.
Жан

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #263 on 19.03.2013, Tuesday, 18:22:57 »
Што користиш за напојување на уредот, ако е обичен адаптер, можеби не дава доволно јака струја, па затоа може да паѓа напонот.

Да, ова дефинитивно е можно.

Ја разгледав можтажната шема што си ја post-ирал неколку post-ови претходно. Според шемата, обратно ти се врзани +Vcc и -Vee (+Vdd и -Vss или GND). Искрено, не знам на памет кој пин е за + а кој за - (GND) кај PIC16F628, така да, подобро симни си datasheet, за да видиш дали грешно ги имаш врзано ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #264 on 19.03.2013, Tuesday, 18:24:31 »
Тогаш мора да има нешто погрешно поврзано или некоја неисправна компонента.

Што знам што му е, ке проверам сега до диодите да не е нешто ама неверувам.Доколку можи некој нека ја разгледа шемата..
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #265 on 19.03.2013, Tuesday, 18:28:23 »
На PIC16F628 на пин бр. 5 треба да биде маса (GND, Vss, 0V), а на пин 14 треба да биде +5V (Vdd).
Жан

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #266 on 19.03.2013, Tuesday, 18:39:11 »
На PIC16F628 на пин бр. 5 треба да биде маса (GND, Vss, 0V), а на пин 14 треба да биде +5V (Vdd).

Значит, - е +, а + е - .Пробав обатно но пак немат знаци..
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #267 on 19.03.2013, Tuesday, 18:44:59 »
Како проба обратно? Ако е грешката на плочката, тогаш треба да ги исечеш бакарните водови што носат напон до PIC-от и да ги преспоиш правилно со жици. Ако си пробал вака и пак не работи, тогаш може да изгорел PIC-от од обратен напон. Извади го PIC-от и пробај пак да го испрограмираш, ако не сака да се програмира, значи дефинитивно е расипан.
Жан

Offline jovce.

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 124
  • Gender: Male
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #268 on 19.03.2013, Tuesday, 18:50:40 »
Како проба обратно? Ако е грешката на плочката, тогаш треба да ги исечеш бакарните водови што носат напон до PIC-от и да ги преспоиш правилно со жици. Ако си пробал вака и пак не работи, тогаш може да изгорел PIC-от од обратен напон. Извади го PIC-от и пробај пак да го испрограмираш, ако не сака да се програмира, значи дефинитивно е расипан.

Го вчитав после тоа преку Ic prog, се си беше во ред..
MB: GA-990XA-UD3, CPU: AMD Phenom II x4 955 BE @ 4.20GHz, RAM:8GB 4x2GB DDR3 1333MHz PATRIOT, HDD:250GB (ExcelStore), GPU:Sapphire HD 3870 512mb GDDR4, PSU:Cooler Master 700W RP

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: 10х5 ЛЕД порака со PIC16F628
« Reply #269 on 19.03.2013, Tuesday, 18:59:15 »


Каде што е означено со бел Х треба да ги исечеш водовите и да им ги замениш местата.
Жан