јас ќе тикажам на кратко а авторот на темата повеќе
значи тука користиш матрикс контрола, значи во одреден временски интервал свети само една диода, но тоа ти е со толку гома брзина што нашите очи не го препознаваат тој ефект.
Диодите како што гледаш поврзани се на сите пинови освем на 4,5 и 14 пин, 5 пин и 14 пин се напојување, а 4 пин мислам дека е само за влез и од тука не може да се вади сигнал (ех да можеше ќе беше 11х5).
Софтверот/ програмот за пикот е така направен да користи ASCII Комади, значи чита што си му пишал во меморијата и гледа кој карактер на што код одговара, тој код после го испраќа на портите, пр за да испише коса црта ( ова е пример само !!) му вика уклучи ги портовите RA0, RA1, RA2, RA3, RA4 ги уклучува последователно овие и праќа податок на другите порти
како што се RB3-RB7 ама така што во еден момент има само по 2 порти уклучени, една порта е на ниско ниво друга порта е на високо ниво, за да се добие тој матрикс ефект, пошто за да се уклучуваат сите диоди истовремено нема сила микроконтролерот, ќе требаше да се користат транзистори и малку поинаку да се изведи.
Оти не се користат отпорници ?
епа во самата градба на програмата за микрокотролерот портите може да се наместат со Pull up или pull down , или да се наместат на високо ниво ( како отпорник да си поврзал на секоја порта) или на нсико ниво (отпорник према маса ) и да се симулира „вештачки“ отпорник
или втора можност е да се користи PWM модулација за да се намали на доволно ниво ...