Конечно нова верзија на ЛЕД пораката и тоа со многу подобрувања:
1. Потребен е само 1 дел: PIC16F628 и ЛЕД матрицата;
2. Зголемена ЛЕД матрица на дури 10х5 ЛЕД диоди;
3. Пишување на пораката директно во EEPROM меморијата на PIC16F628 и тоа преку тастатура директно во ASCII код;
4. Дополнителни контролни ASCII наредби за брзина, трепкање и застанување на дисплејот;
5. 128 букви максимална должина на пораката;
6. Комплетна латиница, кирилица и плус специјални знаци и ASCII сликички.
Да почнеме со шемата:
HEX кодот (програмот) за PIC16F628 е најдолу во атачмент.
Да преминеме на тоа кои се букви, знаци, сликички и контролни знаци ги содржи програмата:
Како се употребува. Значи, во ICProg го вчитувате HEX кодот (програмот) за PIC16F628. Во долниот дел на програмот ICProg ги гледате и податоците што ќе се запишат во EEPROM меморијата на PIC16F628 при програмирањето. Тука го пишувате вашиот текст диреткно преку тастатура (во десниот дел) или преку HEX кодови (во левиот дел). Најдобро е текстот да го внесувате преку тастатура во десниот дел а контролните кодови (како на пример 1B за застанување и 0D за трепкање) да ги пишувате во левиот дел како броеви.
Напомена дека кога пишувате со големи букви пишувате со латиница а кога пишувате со мали букви пишувате на кирилица (ке излегува кирилица на уредот). Исто така кириличните букви што се плус од латиничните како Ш Ѓ Ч Ж се на копчињата (нормално) [ ] ~ \ Стандардно Љ Њ Ѕ Џ се на: q w y x.
Како ова изгледа во еден пример е илустрирано на следнава слика од ICProg кога е спремано видео демото за овој уред:
Објаснување на контролните кодови:
- кодот 00 значи повторување на цел текст и тој се става на крајот на текстот доколку сакате да се повторува. Да не заборавите да ставите неколку празни места за текстот на крајот да замине пред да се повтори.
- кодот 0А е за подесување на брзината на движење. Тоа се прави со ставање на бројка после оваа команда. Значи 0A 2F значи сетирај брзина 2F. Нормалната (default) брзина на програмот е 1F. Помала бројка е побрзо, поголема бројка е побавно.
- кодот 0D прави дисплејот (тоа што е моментално прикажано на матрицата) да трепне 2 пати (пауза default од 0.5 сек, значи се трае 2 секунди).
- кодот 1В прави дисплејот да застане 0.5 секунди. со ставање на повеќе кодови едноподруго можете да го застанете дисплејот и подолго.
Демо снимка од уредот (за жал камерата не може толку реално да ја долови сликата и на снимката движењето изгледа полошо отколку што навистина е во живо):
10x5 LED message with PIC16F628Напомена дека на снимката се гледаат некои тастери и кондензатор... тастерите се заменети со контролните кодови и нема потреба од нив (беа предвидени за регулирање на брзината) а кондензаторот на напојувањето може а и немора да го има доколку уредот се напојува од стабилизиран исправувач или батерија.