Најдобрата и најскапата работа е варијабилен автотрансформатор. Втората едноставна работа е да користиш некој засилувач и осцилатор на влез од 50Hz. Инаку менување на ефективна вредност можеш да постигнеш и со сечење на дел од синусоида со тријак или 2 тиристора. Последнава варијанта може да се направи за доста големи моќности а и е доста евтина во поглед на карактеристики (јас имам направено ваков насочувач за 1000А и 24V). Ама тебе акоти е за тестирање на напојувања не ти одговара менување на ефективната вредност со сечење на дел од синусоида, за таа работа највеќе одговара менување на амплитуда на нешто што ќе личи на синусоида. Сепак би ти препорачал како и некои други членови на форумов да си направиш еден засилувач во AB класа ( па може и во В класа за оваа намена) и да си бркаш работа.
Поздрав и успешна работа