Добро, да, тоа што е претставено на линкот е слично, но шемите се далеку од исти. Колку што разбрав од текстот, функцијата на таа компонента (искрено, прв пат се сретнувам со неа) би требало да биде слична на онаа од шемата од првиот post, но не идентична.
Не знам дали забележуваш каде е проблемот, зошто јас и mkfe се буниме. На Lx ќе се јави пад на напон, чиј позитивен пол ќе биде на базата на BC212, а негативен пол на емитерот на BC212. За да биде правилно побуден (да влезе во ON) BC212, треба напонот да има обратен поларитет од оној кој пред малку го опишав (негативниот пол на напонот на краевите на Lx да биде на базата на BC212, а позитивниот пол да биде на емитерот на BC212), но ова никогаш нема да се случи, бидејќи струјата тече во насока од колекторот на TIP3055, низ неговиот емитер, преку Lx до излезот, што значи дека потенцијалот на „левиот“ (барем на шемата е така нацртано) крај на Lx секогаш ќе биде повисок од потенцијалот на „десниот“ крај на Lx. Со овој начин на врзување, само NPN транзистор може да биде правилно тригеруван, а не и PNP, како што е во овој случај. Во овој случај, PNP транзисторот не би требал да изреагира во нитуедна ситуација. Баш напротив, со растењето на струјата низ Lx, се зголемува и падот на напонот на неговите краеви, па со тоа BC212 уште „подлабоко“ навлегува во OFF, со што TIP3055 никогаш нема да се изгаси, односно, нема да изреагира „осигурувачот“.