Почитувани,
Во attach Ви ја испраќам шемата како мислам дека треба да изгледа ова.
Се разбира, ако не е некоја финта со калемот ....
Оваа шема се користи на многу стари исправувачи, и во излезни степени на засилувачи. Има улога на ограничување на струјата.
Ќе опишам ептен скратено: Кога ќе порасти напонот на снажниот отпорник над прагот на проведување на B-E на NPN транзисторот, тој проведува, и преку C ја одзема побудната струја што влегува на базата на 2N3055.
Пак ќе речам, ако калемот има и некоја друга улога/изработка, може да е некоја финта....
Инаку, онака како што беше нацртано дополнително нема смисла, бидејќи падот на напонот на B-Е на 2N3055 , е паралелно на "диодата" C-B на BC212; односно побудната струја што треба да помине низ B-Е на 2N3055, ќе биде преспоена со шунт од "диодата" C-B на BC212.
Поздрав,
mkfe.
Споено мислење: 23.08.2012, Thursday, 01:01:18
А зошто е наречен осигурувач? А не ограничувач?
Откако ќе се надмине струјата, ќе исклучи, па треба рестарт на доводот на напојувањето?