Вака сеа, ми се расипа полначо, па имав еден адаптер на 12в, па на него надоврзав стабилизатор 7805 и на него го поврзав џекот за на моб, за батеријата. Моментално не ми работи мултимеро и неможам да мерам шо напон оди на батеријата и зато кладов лед диода ко за проверка. ледот свети, шо значи дека имам 5в. Поларитетот е запазен. А зошто батеријата на моб не се полни?? Не чинеше, па 1 другар ја чистеше со алкохол. Дали е можно таа да е толку "умрена" па воопшто да не реагира?!
Можно е да е испразнета до одреден праг каде што електрониката во мобилниот „не ја препознава“ односно смета дека нема батерија.
За да ја полниш мора прво - како што викаат мајсторите - да се пробуди батеријата.
Извади ја од мобилниот и донеси и дирекно напон - може и 5 В отприлика 1 минута и после стави ја би требало телефонот да продолжи да ја полни.