Јас како почетник во оваа област ке ја започнам темата со моето скромно знаење, ке почнам со нај користениот микроконтролер PIC16F84A 04 кој има внатрешен осцилатор и кристална 4MHz кој никогаш не се користи и секогаш мора да се стави надворешен кристал со истата фрекфенција. Овој пик има 18 нозе од кој 13 може да се искористат како I/O (тоа се влезно-излезни порти). Поседува флеш меморија од 1024. RAM меморија од 64 бајти. Според производителот самиот пик може да се програмира и брише до 1000 пати а податоците да се чуваат 40 години (вероватно после се бришат па треба пак да се програмира) Пикот поседува и EEPROM меморија ок 64 бајти и која може да се програмира и брише 1 000 000 пати и податоците да бидат безбедни 40 години. Процесотор на овој пик е од 0 до 20MHz како и кај повекето пикови од сличен тип. Постои и STAK од 8 нивоа. Работната волтажа му е од 2 до 6 волти а потрошувачката е 2mA при напон од 5 волти и такт од 4MHz. Овој микроконтролер поддржува и SLEEP мод кој заштедува на потрошувачка на ел. Струја. Архитектурата е RISC тип (reduced instruction set) а тоа значи дека има мал број на инструкции кои може да ги заврши (35) но сепак се извршуваат максимално брзо.
Еве и мало објаснување околу пиновите на пикот
Пин 1 = RA2 I/O порта A, TTL тип.
Пин 2 = RA3 I/O порта A, TTL тип.
Пин 3 = RA4 I/O порта A, TTL тип. Служи и за влез на TMRO бројачот (еј што добро име TMRO) Каде е I а пак ST тип (schmitt trigger) кога е 0 а тогаш е open drain
Пин 4 = MCLR (инвертиран MCLR, се пише и како -MCLR), ресет пин (ресет кога е на најниско ниво) или се донесе напон за програмирање.
Пин 5 = маса од напојување
Пин 6 = RB0/INT, I/O порта B, TTL/ST
Пин 7 = RB1, I/O порта B, TTL тип
Пин 8 = RB2, I/O порта B, TTL тип
Пин 9 = RB3, I/O порта B, TTL тип
Пин 10 = RB4, I/O порта B, прекинувач при промена на ниво, TTL тип
Пин 11 = RB5, I/O порта B, прекинува при променливи нивоа, TTL тип
Пин 12 = RB6, I/O порта B прекинува при променливи нивоа, такт при програмирање, TTL/ST (ST при програмирање).
Пин 13 = RB7, I/O порта B, прекинува при променливи нивоа, такт при програмирање, TTL/ST (ST при програмирање).
Пин 14 = плусот од напојувањето
Пин15 = OSC2/CLKOUT, се спојува на еден крај од кристалот, ако па користи RC осцилатор, на овој пин се појавува 1/4 фрекфенција на осцилаторот.
Пин 16 = OSC1/CLKIN, се спојува на еден крај од кристалот, илиRC, или се носи спојни такт, ST/CMOS тип (ST кај RC осцилаторот ).
Пин 17 = RA0, I/O порта A, TTL тип
.
Пин 18 = RA1, I/O порта A, TTL тип
Следи опис на специјалните функции. Нека се надоврзат поискусните.