за да започнете со PICBasic Pro потребни ви се овие програми:
-PICBasic Pro(компајлерот)
-MicroCode Studio(програма подржана за PICBasic PRO)
-MPLAB(асемблирање на кодот од MicroCode Studio-то)
Еве линкови каде што може да се симнат горе наведените работи:
PICBasic PRO DEMO:
http://hotfile.com/dl/108333005/24a316a/PBPDEMO.EXE.html
MicroCode Studio (MCS-скратено):
http://hotfile.com/dl/108333863/0c69d87/mcsinstall.exe.html
MPLAB IDE:
http://www.electronics-lab.com/downloads/mcu/001/index.html
Откако ќе ги симнете овие програми,треба најпрво да го инсталирате PICBasic PRO Demo компајлерот.Потоа MPLAB IDE и на крај MicroCode Studio(MCS).Сега пуштете го MicroCode Studio програмот(Start/All Programs/MicroCode Studio) треба да ги наместите нагодувањата за работа на сите функции,како од компајлирање до асемблирање.Во менито на MCS,одете View/Compile and Program options..,Ќе ви се отвори прозорче како на сликата
Ќе видите има три подменија:Compiler,Assembler и Programmer.Притиснете го Compiler прозорчето и наведете сега кај ви се наоѓа компајлерот(PICBASIC PRO) откако ќе наведете во кој директориум ви се наоѓа комплајлерот со помош на FIND AUTOMATICALLY или со помош на FIND MANUALLY копчињата следно е да наведете асемблер,кликнете на подменито Assembler,исто така ќе го наместите во кој директориум се наоѓа MPLAB-от и штиклирајте го празното квадратче означено како:
MPASM .Откако го наместивте assembler-от треба да наведете програматор,јас го користам PICFLASH и директориумот на овој програматор го наведов во Programmer подменито.Ако сакате да користите друг програматор тогаш одете на копчето Add New Programmer,ќе ви се отвори нов прозорец каде што ќе ве наведи каде се наоѓа директориумот на новиот програматор.Штиклирајте го кругчето со име:Create a custom programmer entry.. и кликнете Next.Потоа се бара името на програматорот и на крајот е директориумот на програматорот.Кога се ќе наместите кликнете OK.И нагодувањето е завршено.Сега може да почнете да напишете некој мал "прост" програм за да видите дали се успешно работи.Откако го напишете треба да го компајлирате,кликнете го копчето Compile Only(F9) и ќе биде потребно да наместите каде кодот,хексот,асемблираниот код и PICBASIC фајловите да бидат зачувани.Го зачувувате(на пример во D:/Programi za PICB/) со име Blink-LED(D:/Programi za PICB/Blink-LED) и ќе се пушти асемблерот,ќе се отвори нов прозорец(види слика)
и ќе почекате да се асемблира кодот и да се направи во хекс.
Откако ќе се изгаси прозорецот,треба да се програмира микроконтролерот со готовиот хекс.